10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ формира работни групи, Ковачевски: За поздравување е првиот чекор на Мицкоски

Централниот одбор на СДСМ синоќа оценил дека воспоставениот дијалог со опозицијата доаѓа во важен момент за државата,  пренесува Инбокс7.

“За поздравување е првиот чекор којшто го направи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќањето на уставните измени”, рече лидеротнапартијатаи премиер, Димитар Ковачевски. “Ова е добра основа за продолжување на дијалогот со сите парламентарни политички партии и во оваа насока, формирана е работна група за продолжување на разговорите.”

“Го поздравувам тоа што како претседател на СДСМ заедно со формираната работна група добив силна и апсолутна поддршка да продолжиме со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата”, рече Ковачевски.

Според него, пред државата и пред сите наши граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и воспоставениот дијалог може да придонесе кон носење одлуки за европската иднината на земјата и доброто на сите наши граѓани.

“Изборот пред сите политички партии е: интеграција во ЕУ или изолација”, вели Ковачевски.

Related posts

Копилот го нападнал капетанот, авионот почнал да паѓа: што се случувало над Блискиот Исток

admin

Трнлив пат на Скопје да стане европска престолнина на културата

admin

Расте криминалот во полицијата: 239 вработени во МВР осомничени за само 10 месеци

admin

Алармантно: Скопје меѓу најзагадените градови во Европа

admin

Владата најави електронски попис во 2026, опозицијата предупредува на ризик од манипулации

admin

Пригожин се крена на бунт против Путин, Русија пред граѓанска војна

admin