22.8 C
Скопје
22 јуни, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Спасеновски: Влада без ДУИ ќе ги комплицира работите

Во услови на сериозни политички предизвици, како евентуалниот застој на европските интеграции, сметам дека најмалку што ѝ е потребно на оваа држава е да се исклучи ДУИ од учество во власта во државата, вели професорот по уставно право и политички систем, Александар Спасеновски, пренесува Инбокс7.

“Ние досега ги бараме и ги наоѓаме причините за ваквата позиција на ВМРО-ДПМНЕ. Друго е прашањето околу извесноста, околу реалноста, околу изводливоста на оваа политичка идеја и друго е исто така прашањето дали таа ќе ги поедностави или дополнително ќе ги комплицира политичките прилики во државата. Доколку јас се прашувам, сметам дека во услови на сериозни политички предизвици, какви што впрочем се евентуалната блокада, евентуалниот застој на европските интеграции, или лошите билатерални односи со Бугарија или променетата геополитика, сметам дека најмалку што ѝ е потребно на оваа држава е дополнително комплицирање на приликите и со нов внатрешно-политички проблем, како резултат на исклучување на една важна политичка партија од учество во власта во државата. Така што, од аспект на поводите за барањата на ВМРО-ДПМНЕ за исклучување на ДУИ можеме да најдеме причини, меѓутоа од аспект на тоа дали ваквото решение придонесува или одмага, мојот заклучок е дека тоа не е полезно за стабилноста на државата и за евентуално полесно и подобро надминување на политичките предизвици со коишто се соочуваме во моментов”, вели Спасеновски.

Во однос на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сега да се усвојат уставните измени, а да почнат да важат кога земјата ќе влезе во Европската унија, Спасеновски вели: “Во однос на ова прашање, мора да истакнам дека има два аспекти. Едниот е технички, другиот е политички аспект. Доколку се водиме од внатрешните аспекти поврзани со уставниот поредок на државата, можеме да заклучиме дека нема никаков проблем кои било измени на Уставот и кои било амандмани, вклучувајќи ги овие, да се усвојат на начин на кој тие би имале одложена примена. Впрочем, ние сме имале такви искуства и во минатото. Од друга страна, секако тука оваа техничка реалност се надоврзува на една политичка ситуација, а таа се поврзува со преземените политички обврски на државата. Минатата година, кога практично и отпочна овој процес на динамизирање на европските интеграции, според кој државата презема обврска да ги заврши уставните измени меѓу првата и втората меѓувладина конференција. Значи да заклучиме, од технички, од уставно-правен аспект не постои проблем кои било уставни измени, вклучувајќи ги овие, да имаат одложено дејство, одложена примена, меѓутоа тука се судруваме со реалноста на политиката, а тоа се преземените меѓународни обврски на владата според кои уставните измени треба да се реализираат меѓу првата и втората меѓувладина конконференци”.

Според Спасеновски, не можеме во апсолутна смисла да кажеме дека ниту еден меѓународен договор е целосно непроменлив и дека не се познати ситуации на ревизии, на промени, на адаптирања на преземените меѓународни обврски. Меѓутоа, следејќи ја реалноста на меѓународната политика и партикуларната сила на државата во којашто ние живееме, на Република Македонија, тој вели дека “мали се шансите, мала е извесноста дека оваа држава, политичките елити, политичките партии имаат капацитет да променат политичка одлука на ЕУ”.

 

Related posts

Ковачевски: Ја намаливме невработеноста за 8%

admin

Ахмети по средбата со Ескобар: ДУИ е подготвена да го води процесот

admin

Во Тетово и Гостивар дополнително полициско присуство на изборите

admin

Ги читаат ли македонските власти бугарските писма до САД?

admin

Нагел: Десничарскиот екстремизам – закана за економијата

admin

ЕУ воведува санкции и за земјите кои ги заобиколуваат санкциите кон Русија

admin