12.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Харадинај до косовската опозиција: Зошто се плашите да ме подржите да го рушиме Курти

Претседателот на опозициската ААК Алијанса за иднина на Косово), Рамуш Хардинај, на денешната седница на Собранието на Косово ги праша двете опозициски партии ПДК (Демократската партија на Косово) и ЛДК (Демократски сојуз на Косово) зошто не го поддржуваат предлогот за недоверба на владата на Албин Курти, што тој го иницираше, пренесува Инбокс7.

„Зошто има двоумење за предлогот ве молам? Каде е проблемот нека ми кажат тие што се двоумат? Каде е проблемот со сите вас кои се двоумите околу иницијативата? Дали е точно дека ја изгубивме довербата од евроатлантските институции, дали е точно дека казните почнаа и дали е вистина дека слабееме? Зошто немаш храброст да излезеш и да ми кажеш, гласам за предлогот. Што се случува во опозицијата, ве молам, каде е проблемот колеги опозиционери, ПДК и ЛДК? Зошто сè уште размислувате за тоа кој има корист од предлогот? Има само еден интерес, Косово и нашиот интерес“, рече Харадинај.

Пратеничката на ПДК, Ганимете Муслиу, денеска ја обвини Владата на Косово за секојдневен терор врз државната администрација, за што од собраниската говорница повика да престане тоа.

Муслиу на седницата на Собранието рече дека владата на Курти пуштала пропаганда за појадок, ручек и вечера и дека, според неа, таа е измамничка и лута.

„Борбата на сегашната власт против секој што има храброст да се противи е без преседан денес. Државната администрација е во секојдневен терор од Влада, која е неспособна да владее. Од Влада која како основа на своето делување има притисок, регионална и политичка диференцијација. Од Влада која две и пол години владеење не постигна никаков успех. Од Влада која ја изолираше државата на меѓународната агенда. Од влада која јадеше пропаганда за појадок, ручек и вечера, од лута и измамничка влада. Денеска сакам да ја повикам Владата да престане со насилството и притисокот врз вработените во администрацијата и медиумите“, рече Муслиу.

Пратеничката на ПДК рече дека премиерот Курти ја изгубил битката со сите и како што рече, ниту милитантите ниту министрите за хорор не можат да го спасат.

 

Related posts

Борел: Гласачите, од страв, би можеле да ја поддржат десницата во ЕУ

admin

Сиљановска: Не можеме од Уставот да правиме книга на желби

admin

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

admin

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА РУСКОВСКА И УШТЕ ДВЕ ОБВИНИТЕЛКИ

ninja

Тренчевска: Стравовите за безбедноста на работниците бргу ќе исчезнат затоа што „Бехтел и Енка“ е сериозна компанија

admin

Советот на ЕУ со заклучоци за дигитализацијата: Сите правата да се применуваат и во онлајн светот

admin