20.9 C
Скопје
18 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Во сенката на туризмот: Плановите на Џаред Кушнер загрозуваат редок екосистем во Албанија

Лагуната Нарта на југозападот на Албанија, позната по биолошката разновидност, е дом на загрозени видови како што е далматинскиот пеликан – еден од најретките птици во Европа. Но, според The New York Times, токму оваа област е цел на амбициозни развојни планови вредни над една милијарда долари, поддржани од Џаред Кушнер, зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесува Инбокс7.

Американскиот инвеститор, преку својата фирма Affinity Partners, планира изградба на луксузен туристички комплекс со 6.000 хотелски соби и вили, шопинг центри, марина и нови бродски линии во непосредна близина на лагуната. Проектот вклучува и зафат на островот Сазан, лоциран во рамките на национален поморски парк, што дополнително ги загрозува природните вредности на регионот.

„Овие планови го загрозуваат еден од најважните еко-коридори за миграторни птици во Медитеранот,“ изјави за The New York Times биологот Џулијан Хофман. Тој предупредува дека поради губењето на хабитати, илјадници птици сега слетуваат исклучиво во делтата на реката Вјоса – област од 24.000 хектари со шуми, солени езера, песочни дини и села на рибари.

Пеликанот, кој порано бил мета на лов и урбанизација, е класифициран како „речиси загрозен“ од страна на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), додека Министерството за туризам и животна средина на Албанија го вбројува како „критично загрозен“.

Во 2021 година, започна изградбата на нов меѓународен аеродром на северниот раб на лагуната – дел од стратегијата на премиерот Еди Рама за развој на туризмот. Проектот напредува и покрај реакциите од домашни и меѓународни еколошки организации, како и повиците на Бернската конвенција да се прекине со градежните активности.

Плановите на Кушнер се поддржани од американскиот инвеститор Ашер Абесера, кој за The New York Times изјави дека локацијата била избрана поради „природната убавина, тишината и близината до градот Влора.“ Affinity Partners ангажирала и инженерскиот гигант Arup како консултант за одржлив развој, но компанијата одби да даде коментар.

Според истражувањата на албански и меѓународни научници, делтата е дом на 248 видови птици, загрозени морски желки и медитеранскиот фока-монах, еден од најретките цицачи на светот. Делтата е и клучна точка за милиони птици што мигрираат преку Јадранот. Во 2023 година, реката Вјоса беше прогласена за национален парк, но делтата остана исклучена од тој статус.

Во февруари 2024 година, албанскиот парламент усвои закон со кој се овозможува владин комитет под водство на Рама да одобрува инфраструктурни проекти во заштитени подрачја – само три дена откако Кушнер ги објави плановите. Владата не одговори на барањата на The New York Times за коментар.

„Сфаќам зошто Кушнер ја одбра оваа локација,“ вели Хофман. „Но исто така сфаќам зошто ова подрачје е клучно за миграцијата на птиците.“ Според него, птиците ја заобиколуваат урбанизираната линија кај Влора и се насочуваат кон делтата – еден од последните природни хабитати во регионот.

Албанскиот орнитолог Јони Ворпси од организацијата PPNEA смета дека развојот би можел да има висока еколошка и социјална цена. „Рама жртвува богатства кои можат да изградат одржлива туристичка економија – не само за елитата, туку за сите,“ рече тој. Според него, сезонските ресорти често стануваат „градови духови“ по летото, а приходите ретко остануваат во локалната економија. „Екотуризмот предводен од локалната заедница не само што ги заштитува птиците, туку создава приходи што остануваат тука.“

Православниот свештеник од манастирот „Света Марија“ во Звернец, отец Јани Терезио, изрази загриженост. „Манастирот можеби ќе стане попосетен, но не е тоа поентата. Ако лагуната исчезне, ќе исчезне и смислата на ова свето место,“ рече тој.

Според The New York Times, проектот на островот Сазан добил првична дозвола на 30 декември 2024, додека плановите за лагуната на Нарта сè уште не се одобрени. Сличен проект на Кушнер во Србија беше одобрен во мај 2024, иако предизвика масовни протести во Белград.

 

 

Related posts

Украина се согласи да разговара со Русија на белоруската граница, соопшти кабинетот на Зеленски

ninja

ДОСТОИНСТВОТО НА СТУДЕНТИТЕ ПОМАЛКУ ВРЕДНО ВО БУЏЕТОТ ЗА 2023

ninja

Брегу: Регионалните институции можат да играат клучна улога кога глобалните се во криза

admin

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство: Ќе има ли предвремени избори?

admin

Трговците ја изигруваат кошничката за граѓаните, премиерот Мицкоски најави контроли во маркетите

admin

Македонските судски власти повикуваат на системски реформи и финансиска независност

admin