2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Приведен бивш градоначалник на ДУИ, се трага по неговиот син

Едно лице е лишено од слобода, а по друго се трага во врска со пукање чие видео беше објавено на социјалната мрежа Фејсбук, соопшти Министерството за внатрешни работи во саботата.

Според полицијата, врз основа на видеозаписот и сомневање за кривични дела по член 288 и член 396 од Кривичниот законик, извршен е претрес во дом во селото Црнилиште, општина Долнени, кај 51-годишниот Џ. Ќ., бивш градоначалник на Долнени од редовите на ДУИ.

При претресот биле пронајдени и привремено одземени три парчиња огнено оружје – полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол – кои лицето ги поседувало со дозвола, како и 395 куршуми од различен калибар, 17 ловни патрони и ресивер поврзан со видеонадзор.

Иако оружјето било легално поседувано, тоа е привремено одземено, а ќе биде покрената постапка за одземање на дозволата, информира МВР.

Џ. Ќ. е приведен, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на неговиот син А. Ќ., во насока на целосно расчистување на случајот.

 

Related posts

УЈИЕ и Министерството за здравство ќе соработуваат во истражувања и обука

admin

АМНЕСТИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?

ninja

По осум месеци почнува судскиот процес за Кочани

admin

Балканот не е веќе атрактивна туристичка дестинација за Британија

admin

Рама за ФТ: НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово

admin

Лекари под лупа, итната помош се менува од корен: Алиу со голем план за здравството

admin