22.5 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Контролингот е клучен за одговорно управување со јавните финансии

Владата и Министерството за финансии се стремат кон усогласување со европските стандарди за модерно и одговорно управување со јавните финансии, со цел поефикасно управување со буџетските средства и зголемена транспарентност и отчетност на институциите, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 5. Меѓународна контролинг конференција во Скопје, пренесува Инбокс7.

Конференцијата, фокусирана на контролингот во јавниот и приватниот сектор, беше симболично претставена преку Рубиковата коцка, како алатка што овозможува ред во комплексноста и создавање стратегија од хаосот.

„Контролингот не е луксуз, туку неопходност – и во приватниот и во јавниот сектор. Во приватниот сектор овозможува навремено следење на резултати, планирање, алоцирање ресурси и зголемување на профитабилноста – постапки клучни за одржлив развој на бизнисите“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека ефикасното управување со јавните финансии и развојот на претпријатијата директно придонесуваат за националниот економски раст. Според неа, освен реформите што ги спроведува државата, клучно е и приватниот сектор да воспостави контролинг-практики што ќе го поттикнат неговиот раст, а со тоа и растот на економијата во целина.

„Преку сопствениот развој на компаниите се создава повисок економски раст – еден од стратешките приоритети на Владата“, рече таа.

Министерката за финансии е една од првите сертифицирани контролери во Северна Македонија, со обука завршена во Контролинг академијата на Менаџмент центар Белград, лиценцирана од CA Akademie AG од Минхен. Своето искуство подоцна го применува во повеќегодишна кариера во приватниот сектор.

 

 

Related posts

Меџити: ДУИ ја задуши политичката сцена

admin

Бугарија влегува во нова политичка фаза по изборната победа на Румен Радев

admin

Лидерите повикуваат да се избегне ескалација по иранскиот напад врз Израел

admin

Сарацин со директна порака: Ризикувате многу ако не ги изгласате уставните измени

admin

Здравјето нема цена: Закон што може целосно да ја смени културата на пушење во Македонија

admin

Владата најавува нов систем за трошење буџетски пари

admin