31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

УЈИЕ и Министерството за здравство ќе соработуваат во истражувања и обука

Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Министерството за здравство на Северна Македонија денес потпишаа Меморандум за соработка со цел развој на заеднички проекти во областа на образованието, научните истражувања и стручното усовршување во здравствениот сектор.

Меморандумот го потпишаа ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, и министерот за здравство, проф. д-р Азир Алиу, со што се воспоставува рамка за институционална соработка меѓу двете институции.

На церемонијата, ректорот Ибраими ја нагласи потребата од продлабочување на соработката меѓу академските и државните институции, особено во областа на образованието и научните истражувања во здравството. Министерот Алиу, пак, ја истакна улогата на Универзитетот на Југоисточна Европа во развојот на високото образование и во подготовката на стручен кадар за здравствениот систем.

Во рамки на посетата на универзитетот, министерот Алиу го посети и Факултетот за здравствени науки, каде што беше примен од деканката проф. д-р Данијела Војтикив-Самоиловска и академскиот кадар. Притоа беа презентирани наставните и техничките капацитети на факултетот, како и просториите и опремата што се користат во наставниот и практичниот процес.

На настанот присуствуваа и членови на универзитетското раководство, академскиот кадар на Факултетот за здравствени науки, како и претставници на Министерството за здравство.

Related posts

Исповед на Бујар Османи: Се вратив во медицината за да ја најдам потребната тишина

admin

(Не)испорачана правда: Кој е виновен за пожарот во Тетово?

admin

Обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани: 62 жртви, 34 обвинети

admin

Премиерот удри по опозицијата и обвинителството: Трпението е при крај

admin

Сиљановска-Давкова од Словенија: Билатералните спорови не смеат да ја блокираат Македонија

admin

Паника за гориво во Македонија: Дизелот исчезна од пумпите, граѓаните бараа насекаде

admin