9.8 C
Скопје
5 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Сушата ја тресе Европа, Македонија тврди дека струја ќе има – еве зошто

Македонија во моментов не се соочува со ризик за стабилноста на електроенергетскиот систем и покрај сушата и ниските водостои што влијаат врз производството на електрична енергија во повеќе европски земји, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Од Министерството наведуваат дека континуирано ја следат состојбата во регионот и Европа, каде ниските водостои на реките Дунав и Рајна создаваат проблеми за хидроенергетските капацитети и транспортот на енергенси.

Според институцијата, домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен за снабдување на домаќинствата и стопанството.

Министерството соопшти дека акумулациите во државните хидроелектрани се исполнети околу 70 проценти, што овозможува сигурно управување со производството во наредниот период.

Во мај домашното производство обезбедило околу 96,5 проценти од потребната електрична енергија, додека преостанатите количини биле покриени преку увоз.

Од Министерството посочуваат дека засега нема индикации дека актуелните климатски услови во Европа ќе имаат директно негативно влијание врз домашното производство на електрична енергија.

Владата најавува дека ќе продолжи со инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на преносната мрежа и зголемување на домашните производствени капацитети со цел дополнително да се зајакне енергетската сигурност.

Иако моменталната состојба се оценува како стабилна, Министерството нагласува дека внимателно ќе ги следи хидролошките и пазарните движења во Европа, бидејќи продолжените сушни периоди можат да влијаат врз регионалните цени на електричната енергија и врз прекуграничната трговија.

Related posts

Луѓето се откажуваат од онлајн резервациите во 2023 година и се одлучуваат за туристички агенти – еве зошто

admin

ВЛАДАТА ИНИЦИРА ОДЗЕМАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВОТО НА ОНИШЧЕНКО

ninja

ЕУ одобри 142 милиони евра, но Брисел порача: Следниот чекор е Уставот

admin

Филипче реизбран за лидер на СДСМ со намалена поддршка, експерти прашуваат за неговиот легитимитет

admin

Меџити: Османи барем еднаш се сретнал со Груевски во Будимпешта

admin

Расте бројот на пациенти на Онкологија, а биолошка терапија само за четвртина

admin