10.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

КОИ СЕ НАЈПРОФИТАБИЛНИ ДЕЈНОСТИ ВО С.МАКЕДОНИЈА? НАД 90% ОД ВРАБОТЕНИТЕ СЕ ВО МАЛИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Во Република Северна Мкедонија има 66 363 пазарно-ориентирани деловни субјекти активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности. Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, истите оствариле вкупен промет од 1.642.832 милиони денари и додадена вредност од 345.205 милиони денари. За ангажираните 443.826 вработени лица биле издвоени 175.581 милион денари, пренесува Инбокс7.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.7 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 26.8 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 8.0 %, Градежништво со 6.3% и секторот Транспорт и складирање со 5.2 %.

Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 26.5 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 22.6 %. Значително е учеството на секторите Градежништво со 8.7 %, Информации и комуникации со 8.5% и Транспорт и складирање со 7.3 % во вкупната додадена вредност.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.9%), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 35.1 % од вкупно вработените, тие создале 21.7 % од вкупната додадена вредност.

Големите претпријатија со учество од само 0.2 % и со ангажирани 24.2% од вработените создаваат 31.7 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13.4 %).

 

Сепак, според ДЗС, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 40.8 % од вработените и создадоа 46.6 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

 

Related posts

САД санкционираа турска банка поради Иран, Анкара испрати порака до компаниите

admin

Гостивар сè уште без безбедна вода: Откриена бактерија, се бараат три чисти анализи

admin

Петте поенти од говорот на Урсула фон дер Лајен

admin

САД БАРААТ ОД КОСОВО ДА ЗАПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЗАЕДНИЦА НА ОПШТИНИ СО СРПСКО МНОЗИНСТВО

ninja

ЕУ усвои 16-ти пакет санкции против Русија на третата годишнина од инвазијата врз Украина

admin

Нетанјаху: Иран е ослабен, конфликтот брзо ќе заврши 

admin