13.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Тројца загинати во колата што падна во реката Лепенец, реагира Пацоли

Косовскиот бизнисмен Беџет Пацоли реагираше по несреќата што се случи во саботата на патот Скопје-Косово, при што автомобил со косовски регистерски таблички падна во реката Лепенц, во која покрај возачот имаше и тројца патници,  пренесува Инбокс7.

Еден од нив успеал да излезе од автомобилот и да се спаси, додека другите тројца им подлегнале на повредите.

Пацоли во објава на Фејсбук напиша дека од оваа несреќа загинале тројца членови на семејството Пацоли – Н.П, М.П и Е.П.

„Семејството Пацоли со болка ја доживеа оваа вечер во Македонија каде животот го загубија Наим, Мерита и Е.П. Господ да ги смилува починатите. Се молам за ова семејство!“, напиша Пацоли.

Македонското Министерството за внатрешни работи синоќа известуваше дека во сообраќајката учествувал автомобил „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Б. од Скопје и автомобил БМВ со косовски регистарски ознаки, управуван од Х.П. од Косово, кој по несреќата паднал во реката Лепенец.

Во БМВ-то покрај возачот имало и тројца сопатници.

Едно лице е извлечено од реката и префрлено во болницата „8 Септември“, а на другите три се уште е на лекување“, се вели во нивното соопштение.

Related posts

СРБИЈА И КОСОВО ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ

ninja

ДУИ ја засилува реториката против „олигарсите“

admin

Кои се јеменските Хути и зошто се нападнати?

admin

Ќе претседава ли Северна Македонија уште една година со ОБСЕ?

admin

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin

Меџити контра ДУИ: Вие сте последните витези на Груевски

admin