11.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Украина ги интензивира нападите долж граничните линии

Борби се водат во неколку делови од линијата на фронтот на Украина во регионот Запорожје и Доњецката област, сигнализирајќи дека долгоочекуваниот украински напад можеби е во тек, јави Гласот на Америка на македонски јазик.

За време на интервјуто во Киев, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, рече дека Украина е подготвена со оружје за нејзината толку очекувана контраофанзива против Русија, но остана нејасно дали таа веќе започнала.

Кулеба изрази уверување дека планираниот напад на Украина против Русија ќе го сврти текот на војната и ќе ѝ овозможи на Украина да ги врати своите територии од Русија. Тој рече дека таквата победа ќе ја внесе Украина во НАТО.

Членството во воената алијанса „веројатно“ ќе биде можно за Украина само по завршувањето на активните непријателства, рече тој.

Украинските сили ги зголемуваат офанзивните операции против Русија на границата на украинските провинции Запорожје и Доњецк.

Но, Киев ги отфрли руските извештаи дека контраофанзивата започнала и дека руската војска спречила голема украинска офанзива во украинскиот регион Доњецк.

„Немаме такви информации и не коментираме никаков вид на лажни вести“, рече портпаролот на Генералштабот на украинските вооружени сили како одговор на прашање на новинската агенција Ројтерс.

Во твит, советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак предупреди да „не им верувате на руските информации за борбите во Украина“.

„Руските новински извештаи одамна станаа посебен виртуелен метауниверзум“, напиша тој.

Русија денес тврдеше дека нејзините сили одбиле голем украински напад во областа Доњецк во јужна Украина.

Руското министерство за одбрана соопшти дека целта на Украина е да го пробие она што тие го сметаа за најслаба област долж линијата на фронтот, но дека тоа „немало успех“.

Украинскиот напад, соопшти Русија, вклучувал шест механизирани баталјони и два тенковски баталјони.

Украина ги отфрли овие тврдења како дезинформации.

Related posts

Столтенберг: Изјавите на Трамп се опасност за САД и ЕУ

admin

Ховениер: САД е посветена на партнерството со Косово

admin

УЧЕБНИЦИ И НАТАМУ НЕМА, ЌЕ ИМА САМО НОВ ЗАКОН

ninja

Амнестии – И затворите полни и криминалците на улица

admin

Зошто Северна Македонија, Бугарија и Русија не се натпреваруваат на Евровизија оваа година?

admin

ДУИ: Охридскиот договор еродира, Власта врши притисоци врз нашите функционери

admin