29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Османи: Уставни измени или со цело ВМРО-ДПМНЕ, или со дел од неа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече денеска во Струга дека постои шанса за договор со опозицијата до моментот кога ќе дојде на ред првото гласање за иницијативата за уставни измени. На прес-конференцијата во рамки на ПФД2023, тој информираше дека контактите се интензивни и дека има две паралелни патеки на кои се работи со партијата, јавува Инбокс7.

„Првата патека е со опозицијата во целина, додека другата е со пратениците во Собранието“, рече Османи, додавајќи дека самиот процес на измена на Уставот има конкретни рокови и процедури.

Според него, до денот кога на пленарна седница ќе ги има првото гласање отворени се опциите за да има договор со опозицијата во однос на уставните измени.

„Се надевам дека во наредниот период драфтот ќе биде препратен од Владата до Собранието и тука ќе почне одбројувањето на роковите“, рече Османи.

Претходно од владејачката СДСМ рекоа дека ќе разговараат со колегите за да се обединат во остварување на стратешката цел, членство во ЕУ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека во овие околности нема да поддржат уставни измени, без оглед на понудите кои би можеле да ги добијат за возврат.

По лидерската средба премиерот предложи заеднички да ги изгласаат уставните измени, а во преодните и завршните одредби да стои дека ќе важат од Втората меѓувладина конференција со ЕУ.

Мицкоски пак побара уставните измени со кои би се внеле Бугарите во Уставот, да важат на крајот од преговарачкиот процес со ЕУ, односно, кога ќе почне ратификацијата во земјите членки на ЕУ и кога Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ, што би можело да трае повеќе години.

Related posts

Осомничениот за нападот врз Трамп пред суд – откриена шокантна онлајн радикализација и план за атентат

admin

Од Белград студентските протести се шират во регионот

admin

Средба Муцунски-Рубио во Вашингтон: Ќе добие ли Македонија слободна трговија со САД?

admin

Министерот под оган: Кампања во Чаир, додека облаци токсичен чад од Трубарево го гушат Скопје

admin

Собранието на Косово не успеа да се конституира, Курти нема мнозинство

admin

Излегувањето од државата ќе биде невозможно по 12 февруари доколку не бидат заменети документите

admin