10.8 C
Скопје
6 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Излегувањето од државата ќе биде невозможно по 12 февруари доколку не бидат заменети документите

„Никогаш Северна! Пасошот не го менувам“ – еден од коментарите што може да се прочита од некои од граѓаните, кои се противат на замената на личните документи, кои произлегуваат со Преспанскиот договор потпишан на 17 јуни 2018 година. Други најавуваат целосен бојкот, дури и ако со ова, не можат да патуваат во странство, доколку не ги променат документите. Има и такви предлози, да се обвитка пасошот со поранешното име „Република Македонија“, иако внатре во пасошот веќе е направена промената со додавката „Северна“.

Но, на пет месеци пред крајниот рок за замена на документите, зборуваме за неколку заблуди и факти.

Познат факт е дека до 12 февруари треба да бидат заменети пасошот, личната карта, возачката дозвола и сообраќајната дозвола на сопствениците на возила. Во јавноста беа изнесени повеќе дилеми, почнувајќи од тоа дали е задолжително до тоа дали ќе следуваат казни доколку некој не ги замени личните документи.

Дали е задолжителна промената за сите граѓани?

Да, и тоа произлегува од членот 10 од Преспанскиот договор, каде пишува дека е задолжителна меѓународната и внатрешната употреба на документите со новото уставно име.

„Важноста на ваквите документи и материјали ќе се обновува во согласност со името и термините наведени во членот 1, став 3 од оваа Спогодба, најдоцна во рок од пет години по влегувањето во сила на оваа Спогодба“, пишува во Договорот (член 10).

Ќе има ли казни?

Министерството за внатрешни работи нема да казнува, а тоа во изјава го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата“, рече Спасовски.
Но, проблем се патните исправи. Најголем проблем ќе биде излегувањето од државата. Без пасош со „Северна“ нема да може да се излезе на ниту еден граничен премин, доколку не се смени пасошот до 12 февруари, следната година.  

Освен тоа, сообраќајната полиција може да ви напише казна, доколку ве запре со возило,  а вашата возачката дозвола не е со името „Република Северна Македонија.“ Македонската возачка дозвола таа е важечка во девет земји, преку склучени договори и имаат важност во некои европски земји каде се признаени.

Нема казни ниту за незаменетите лични карти, меѓутоа, институциите нема да ги прифаќаат. Сепак некои банки најавуваат дека ќе направат исклучок и ќе го услужат клиентот, доколку личната карта не е истечена, а е со старото име „Република Македонија“. Тоа значи дека ќе може да се извадат пари од шалтер, да се плаќа, да земе кредит, доколку во меѓувреме Народна банка не донесе одлука со која ќе се бара стриктна примена на Преспанскиот договор.

Според досегашните прописи, со старата лична карта, која не е истечена, ќе може да се поминат границите на Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со кои имаме режим на поминување граница со лична карта.

Ќе може ли да се гласа без да се заменат документите?

Во април 2024 година не’ очекуваат Претседателските избори. Изборниот законик, кој е во фаза на измена, пропишува: „Во Избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот, чиј рок на важност на лична карта или патна исправа истекува во периодот од распишување на изборите до денот на нивното одржување“.  Овој закон исто така регулира: “Кога избирачот пристапува да гласа, избирачкиот одбор го проверува неговиот личен идентитет. Личниот идентитет избирачот го докажува со важечка лична карта или важечка патна исправа и со отпечаток од прсти“. Со наближувањето на изборите, Државната изборна комисија ќе треба да го регулира ова прашање со акт, доколку граѓанинот пристапи да гласа со личен документ со старото уставно име на државата.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски неодамна изјави дека на граѓаните нема да им биде ускратено избирачкото право и ќе може да се гласа и со сегашните лични документи.

Можно ли е поништување на Преспанскиот договор и така да се избегне обврската?

Македонски и грчки десничарски партии се гласни против Договорот и негово поништување. Уставниот суд  на 21 септември расправаше и ја отфрли иницијативата со која се оспорува Договорот. Поточно, се оспорува рокот на објавувањето на актите во Службен весник, како спротивен на Уставот но и тоа што не е потпишан од претседателот на државата.

-Неспорно е дека претседателот треба да го потпише Указот во рок од седум дена кога првпат му се доставува законот чиј што рок е предвиден во членот 38 од Законот за Собрание на РСМ, а потоа тој е должен да го потпише. Меѓутоа, тој ја злоупотребил уставната недореченост каде што навистина не е пропишан рок за повторно доставување на Законот, односно потпишување на повторно доставен закон“, образложи претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Нови цени

Кратко пред повикот до граѓаните да ги заменат личните документи, МВР излезе со нови, повисоки цени на формуларите за личните документи.

Вадењето нова лична карта сега е 310 денари наместо 190 денари, новата возачка дозвола чини 410 денари наместо 280 денари. Новиот пасош за лица над 27 години чини 2.000 денари наместо 1.500 денари, додека иста остана само цената на пасошот за лица помлади од 27 години.

Проценката е дека замената на документи едно четиричлено семејство ќе го чини меѓу 10.000 и 12.000 денари.

В.К.

Related posts

Двајца израелски министри повикаа на иселување на Палестинците од Газа

admin

ПОЛИТИКО: Се празни касата на ЕУ, членките не даваат дополнителни средства

admin

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

admin

Вучиќ за инает не го менува Вулин, санкциониран од САД и обвинет за врски со организиран криминал

admin

Поглавјето за македонскиот јазик исклучено од преговарачката рамка со ЕУ, но неговото признавање повеќе ќе зависи од политичката волја

admin

Лога: Уставните измени ќе поминат пред нова година

admin