26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Лога: Уставните измени ќе поминат пред нова година

Министерот за правда, Кренар Лога вели дека уставните измени кои се услов за интеграција на земјава во Европската унија ќе бидат усвоени пред крајот на оваа година, пренесува Инбокс7.

“Има комуникации со политичките партии, но и со поединечни пратеници кои изразија волја да гласаат и веруваме дека овој процес ќе биде завршен со усвојување пред нова година“, рече тој во интервју за Гласот на Америка.

Лога потсети дека Владата ги подготвила и ги доставила спорните амандмани за делот од Преамбулата со кои ќе се овозможи бугарското малцинство, но и другите во земјата да бидат вклучени во Преамбулата.

“Сега е должност на Собранието да најде 80 пратеници кои ќе ги одобрат овие измени, кои ќе го трасираат патот кон Европската Унија, а всушност Северна Македонија е на многу голема крстосница за својата иднина затоа што измените ќе мора да бидат одобрени за многу брз временски период, бидејќи 2024 година ќе ја најде Северна Македонија на парламентарни и претседателски избори, но ќе ги најде и САД и ЕУ на избори, што дополнително ќе го усложни процесот и постои ризик доколку овие не се вршат уставни измени, тогаш државата да влезе во уште подлабока криза. Власта и даде можност на опозицијата да стане дел од парламентарното мнозинство со исполнување на сите услови или предуслови кои ги побара најголемата опозициска партија во земјава”, нагласи Логава.

Тој потврди дека има комуникации со политичките партии, но и со поединечни пратеници кои “изразиле волја да гласаат и веруваме дека овој процес ќе биде заокружен со одобрување пред нова година.”

Во однос на барањето на македонската опозиција претседателските избори да се одржат заедно со гласовите за новиот парламент, Лога вели дека ставот на Алијансата за Албанците е ист како и на останатите партии на парламентарното мнозинство: “Подготвени сме да одиме на избори каде и да се.”

Но, нагласува тој, на изборите мора да им претходи изгласувањето уставните измени.

“Ставот на Алијанса останува отворен за нови избори, дури и предвремени, но под услов да имаме усвојување на уставни измени во земјата.”, додаде Лога.

Related posts

Советот на обвинители ќе ги проверува контактите Мицкоски–Савески

admin

СДСМ со документи: Алта Банка во Македонија поврзана со ВМРО-ДПМНЕ

admin

Меџити вели ВЛЕН е волјата на Албанците, Таравари: Се гледаме на избори

admin

Шилегов побара прекин на судењето за „Пулс“ и преиспитување на обвиненијата

admin

„БЕЛА ЧУМА“ ЈА ДЕСЕТКУВА МАКЕДОНИЈА

ninja

АА: ВЛАСТА ЛАЖЕ! НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА, ИМА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

ninja