20.8 C
Скопје
29 март, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНА

АА: ВЛАСТА ЛАЖЕ! НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА, ИМА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

Алијанса на Албанците вели дека владата лаже кога вели дека има намалување на бројот на невработените, пренесува КДП.

Оваа партија категорично ги демантира тврдењата на Владата за намалување на невработеноста и тоа го смета како “обид за измама на граѓаните и прикривање на неуспесите на оваа Влада.”

Вистината е спротивна од она што се тврди. Реално, официјалните податоци покажуваат дека невработеноста не е намалена, туку е намален бројот на лица кои активно бараат работа. Оваа бројка постојано се намалува, од година во година и е последица на заминувањето на младите и работната сила од државата.”

“За само две години, кога Владата манипулира со проценти, бројот на активно население падна од 970 илјади на 940 илјади, што значи дека 30 илјади активни граѓани ја напуштиле државата. За две години значително е намален и бројот на вработени. Од 807 илјади вработени во последниот квартал од 2019 година, бројот на вработени е намален на 795 илјади во истиот квартал од 2021 година.
Истата ситуација е ако се анализира и во пократок период.”

“Активното население во третиот квартал од 2021 година изнесува 945.158 лица, додека во четвртиот квартал истата година падна на 937.482, што значи дека за три месеци имаме 7.676 помалку граѓани кои активно бараат работа. Во истиот период од три месеци имаме намалување и на бројот на вработени. Во третиот квартал 2021 година имало 796.681 вработени, додека во четвртиот квартал 795.276 или 1.405 вработени помалку. Во овој период бројот на невработени е намален за 6.241 што е многу поголем од бројот на вработени и ако се спореди со намалувањето на бројот на активно население правилно произлегува дека се работи за граѓани кои ја напуштиле државата, а не биле вработени. За тоа говори податокот дека во последниот квартал од 2019 година кога имало 807 илјади вработени, стапката на невработеност била повисока или 16,6 отсто, додека во последниот квартал од 2021 година кога бројот на вработени паднал на 795 илјади, стапката на невработеност е намалена на 15,2 отсто.”, се вели во соопштението на АА.

 

Related posts

Курти со план од пет точки за смирување на тензиите на северот

admin

Кој стави дамка на најважниот настан во државата – еден од најголемите донатори на ДУИ кој ја доби набавката, Османи или јавноста?

admin

ЕУ очекува спроведување на договорите со Грција и Бугарија

admin

Која „беса“ ќе победи- за независно или партизирано судство?

admin

С.Македонија на дното, Луксембург, Германија и Австрија најразвиени економии во ЕУ

admin

Груевски: Зоран Заев стои зад мојот прогон, му помага Христијан Мицкоски

admin