10.8 C
Скопје
4 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Косово денеска соопшти дека ја обезбедило документацијата од Северна Македонија, според која актуелниот сопственик на телевизијата Клан Косова, како физичко лице, е регистриран како државјанин на Србија, пренесува Инбокс7.

Министерството го објави документот извлечен од централниот регистар на Северна Македонија, каде што е регистриран бизнисот на сопственикот на Клан Косова, во кој во графата град стои Ѓаковица, додека кај држава стои Србија.

Но во најновиот документ телевизијата е регистрирана под името “Ѓакова – Косово”. Истиот документ, но на англиски јазик, во текот на денот го објави и Клан Косова, инсистирајќи дека од 20 јуни годинава во секој документ на компанијата стои само името Косово.

Нејасно е зошто Министерството за трговија ја искористило адресата на сопственикот како физичко лице.

Неправилностите во регистрацијата на бизнисот предизвикаа косовската влада на 14 јуни да го суспендира деловниот сертификат на телевизијата Клан Косова, со тврдење дека во регистрацијата на бизнисот пишува „Пеја – Србија и Ѓакова – Србија“.

Надлежните рекоа дека „не е дозволено да се регистрира бизнис каде што местото на живеење е спротивно на основните принципи на Уставот на Република Косово“.

Независната комисија за медиуми на 16 јуни ја одобри одлуката со која телевизијата Клан Косова во рок од 30 дена ја комплетира потребната документација за одржување на лиценцата.

Од Клан Косова велат дека пополнетите документи ги доставиле на 21 јуни до Агенцијата за регистрација на бизниси, која истиот ден ја укинала одлуката за суспендирање на сертификатот. Но, следниот ден, одлуката беше поништена, поради што Клан Косова испрати жалба до Комисијата за разгледување на жалби за регистрација на бизниси.

Оваа Комисија на 28 јули одлучи да ја отфрли жалбата на Клан Косова и конечно да го потврди суспензијата на деловниот сертификат на оваа телевизија. Во соопштението од Министерството за индустрија се вели дека предметот е веќе затворен додека „субјектот го ужива правото да поднесе тужба до надлежниот суд“.

Новинари и претставници на граѓанското општество во Косово во понеделникот протестираа против одлуката на владата да го суспендира деловниот сертификат на приватната телевизија Клан Косова, потег што предизвика широки реакции.

Со мотото „Демократијата умира во темнина“, група новинари повикаа на поништување на владината одлука, нарекувајќи ја сериозен удар врз слободата на медиумите.

Главниот уредник на Клан Косова, Газменд Сила, вчера на протестот изјави дека е убеден оти правдата ќе ја отфрли одлуката на министерството.

„Ние силно веруваме во правдата и во авторитетот и независноста на луѓето кои работат во судовите. Сметаме дека тие на никаков начин нема да станат плен на какво било влијание што може да се изврши врз нив од страна на владата или кој било друг“, рече тој.

Суспендирањето на деловниот сертификат на Клан Косова предизвика остри реакции кај западните дипломати, новинарските здруженија, претставниците на медиумите, но и претставниците на опозицијата.

Амбасадите на САД, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство и Европската Унија изразија длабока загриженост поради одлуката за суспендирање на деловниот сертификат на Клан Косова, што според нив е непропорционална одлука која ќе има последици во плуралноста на медиумите во Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти во саботата изјави дека спроведувањето на законот против моќните претприемачи кои го прекршуваат заради финансиски придобивки, не претставува напад на слободата на медиумите. Тој нагласи дека почитувањето на правилата за регистрација е законска должност, а не „техничност“ и дека според него примената на таквите правила против еден прекршител не го загрозува медиумскиот плурализам.

Министерството за индустрија во понеделникот соопшти дека ги суспендирало деловните сертификати на уште најмалку 5 компании кои, според него, имаат неуставни имиња, прикажувајќи ги градовите на Косово како дел од Србија.

Related posts

Украинските пилоти почнаа со обука на Ф-16 во САД

admin

Втор ден од министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров “нон грата”

admin

Паѓаат цените на роамингот со ЕУ

admin

Лорд Робертсон: „Ако Украина загуби, нашите непријатели ќе одлучуваат за светскиот поредок“

admin

ЃУКАНОВИЌ: ГО ПОДДРЖУВАМЕ ЕВРОПСКИОТ ПАТ НА КОСОВО

ninja

МЕЦОЛА – РАЗГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО ЕУ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ ГОДИНАВА

ninja