29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ со документи: Алта Банка во Македонија поврзана со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дел од менаџментот и надзорниот одбор на Алта Банка за поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и за сомнителни финансиски трансакции.

Според партијата, американските акции против корупцијата и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан го потврдуваат фокусот на санкционирање на криминал и корупција во регионот.

„Ова е значајно за Македонија поради поврзаноста на актуелната власт со структури кои нашата Антикорупциска група целосно ги разоткри“, рече СДСМ.

Партијата објави дека открила сомнителни зделки околу преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта Банка, институција која, како што велат, е блиска до српскиот претседател Александар Вучиќ и структури на Српската напредна партија (СНС).

Менаџерскиот тим на банката, според СДСМ, ги вклучува овие имиња:

  • Лидија Неделкова, поранешна судијка која била разрешена од Судскиот совет,
  • Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, министер во владата на ВМРО-ДПМНЕ,
  • Марјан Закев, поранешен сопственик и управител на фирма поврзана со „Ексико“ Скопје, офшор-структури и бизнис кругови блиски до Мијалков и Камчев.

Во Надзорниот одбор, пак, како членка е наведена Маја Кадиевска-Војновиќ, поранешна членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ побара од Управата за финансиско разузнавање и Финансиската полиција да отворат истрага за преземањето и да ја испитаат легитимноста на средствата. Партијата нагласи дека до денеска нема официјална реакција од надлежните институции.

На прес-конференцијата беа поставени и прашања за можни финансиски врски на функционери на ВМРО-ДПМНЕ со инвестициски фондови во Србија, поврзани со СНС, како и за сметки во Алта Банка на претседателот на партијата.

Алта Банка, основана во Србија, присутна е на македонскиот пазар преку преземањето на Стопанска банка АД Битола. Банката и нејзините сопственици се предмет на јавни контроверзии поради поврзаноста со политички структури во регионот, особено со српската владејачка партија СНС и, според обвинувањата на СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ во ММакедонија.  Случаите на преземања на банки од страна на странски институции и нивните врски со политички структури во Западен Балкан се следени внимателно од меѓународни институции, вклучително и од американската влада преку санкции и регулативи за Западен Балкан.

„Работата не е завршена. Очекуваме одговори и одговорност“, завршија од СДСМ.

 

Related posts

Документарец / Тајните служби под лупа: Колку е транспарентен безбедносниот сектор во Северна Македонија?

admin

Харис и Трамп првпат вечерва ќе се сретнат на дебата во Филаделфија

admin

Тензии во Косово: Српска листа бара косовската полиција да биде заменета со КФОР

admin

„Њујорк тајмс“: Израел ја претворил Евровизија во оружје на мека моќ

admin

Американците не сакаат повеќе да се борат за својата земја

admin

Нов однос кон Софија или загревање за избори?

admin