20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Реакција на Блерим Беџети за компанијата на неговите деца

Блерим Беџети, пратеник од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, денеска реагираше на наводите за „скандал“ околу компанија основана од неговите полнолетни деца.

Во писмената изјава, Беџети истакна дека компанијата е регистрирана законски и транспарентно преку Централниот регистар, и дека е една од многуте дејности што ги има пријавено, вклучувајќи и градежништво. „Според оваа логика, секој млад човек што отвора компанија автоматски станува градежник. Очигледно, најголемиот грев денес е ако млад човек се обиде да стане претприемач, наместо да се вработи во јавна институција со партиски врски“, се вели во реакцијата.

Беџети посочи дека компанијата:

  • нема добиено ниту еден тендер,
  • нема склучено ниту еден договор, и
  • нема започнато никаква деловна активност.

„Некои медиуми и политички структури живеат од сензации и монтирање афери таму каде што ги нема, со цел да ја искриват реалноста и да ја дискредитираат мојата личност и мојата фамилија“, додава тој.

Пратеникот објасни дека со задоцнување од три месеци не го пријавил основањето на фирмата во Антикорупциската комисија, и дека, според неговото толкување на законот, нема таква обврска бидејќи неговите деца живеат одделно од него. Сепак, Беџети додаде дека ќе ја пријави компанијата доколку ДКСК оцени дека тоа е потребно.

Тој го спореди „скандалот“ со други случаи на доделување државни тендери и договори во милионски вредности на фирми со мал број вработени, потенцирајќи дека неговите деца немаат добиено ниту еден тендер или државни пари.

„Кога немаат аргументи против мене, почнуваат да ги напаѓаат моите деца. Тоа кажува многу повеќе за нив, отколку за мене“, заврши Беџети, повикувајќи се институциите да работат и законот да важи за сите, додека спорните сензации остануваат на ниво на шпекулации.

 

Related posts

Еден кандидат не го потпиша кодексот за фер и демократски избори

admin

Србија ги отфрла санкциите по посетата на Вучиќ на Москва; Коста започнува балканска турнеја

admin

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ – три сведоци од Општина Кочани се повикани

admin

Мицкоски побара разговор со Фон дер Лајен за кризата со превозниците, блокирани гранични премини низ регионот

admin

Мигранти за пари или политичка лага? Темата што ја тресе Македонија и ја продлабочува битката меѓу власта и опозицијата

admin

Ковачки избран за генерален секретар, ВМРО-ДПМНЕ со нов Извршен комитет

admin