2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Борел по средбите со Вучиќ и Курти: Имаме договор

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, по одвоените средби со премиерот на Косово, Албин Курти и со српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека е постигнат договор за потребата од одржување нови избори во четирите општини со мнозинство жители етнички Срби на северот на Косово, пренесува Инбокс7.

Тој рече дека по повеќе од четири часа разговори на двајцата лидери им е јасна сериозноста на ситуацијата на северот, но имаат различни пристапи и толкувања на ситуацијата.

Борел рече дека заедно со европскиот пратеник за преговорите Косово-Србија, Мирослав Лајчак на страните им ги претставил очекувањата од Европската унија.

„Косово веднаш да ги прекине полициските операции во општинските згради на север и четворицата градоначалници привремено да ги извршуваат своите должности надвор од општинските канцеларии. Србија треба да обезбеди демонстрантите да ги напуштат општинските згради истовремено со заминувањето на косовската полиција“, рече Борел.

Според Борел, треба да распишат нови избори во четирите општини, со безусловно учество на Србите во нив.

„Ова е коренот на проблемот и коренот на решението – нови избори што е можно поскоро со целосно учество“, нагласи тој и подвлече дека е постигнат договор за потребата од одржување на избори.

 

Related posts

Од Либан до Ормут: Израел и САД го зголемуваат притисокот врз Иран и неговите сојузници

admin

Извештај на ЕК: Нема уставни измени на кои државата се обврза

admin

Дачиќ: Радоје Звичер на слобода е голема закана за претседателот Вучиќ

admin

Пендаровски реагира за посетата на Курти: Организаторите мора да бидат казнети

admin

МЛАДИТЕ НАУЧНИЦИ И ИНЖЕНЕРИ ИМПРЕСИОНИРААТ НА ASEF 2023

ninja

Специјален обвинител за истрагата на синот на Џо Бајден

admin