20.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Незири: Не ЕУ, туку институциите се виновни за долгото чекање пред ЕУ

Политичкиот аналитичар Џељал Незири вели дека властите не прават доволно напори за да ги изработат домашните задачи кои се услов за влез во Унијата.

„Вината треба да се бара прво кај институциите. Ние сме научени да правиме реформи само ако имаме нешто за награда, односно правиме реформи за да стигнеме до ЕУ која ќе ги отвори нивните фондови за следни проекти. Не ги правиме реформите за поефикасно функционирање на системот и државата. Значи институциите и државата не успеаја да ги спроведат потребните реформи во многу области, особено во борбата против корупцијата“, вели Незири за РСЕ.

Незири всушност не гледа политичка волја за спроведување на реформите и зголемување на демократските капацитети.

„Не се само споровите кои се согласувам, биле и се главни пречки, но сепак и темпото на спроведување реформи и европеизација на земјата, одеше и се уште оди толку бавно, што сега Бугарија, Грција или некоја друга земја остануваат како алиби или дежурен виновник за сите можни пречки на тој пат“, смета Незири.

На недостиг на резултати во областите судство, борба против корупција, владеење на правото и друго укажуваат релевантни меѓународни извештаи. Така на пример во европскиот извештај за напредокот на Македонија лани, Европската комисија повторно најде забелешки за имплементацијата на законите, нарушената работа на Собранието, но и потребата од поголема транспарентност при носењето државни одлуки.

Најновиот извештај за човековите права на американскиот Стејт департмент нотира сериозна корупција во власта, отсуство на судска независност, долготрајна правда, како и несоодветното финансирање и екипирање на судството кои како што се наведува, „продолжија да ја попречуваат ефикасноста на судот и да влијаат на довербата на јавноста во владеењето на правото“.

И според меѓународната организација Транспарени интернешнал, Македонија е на 85-то место (од 180 држави) со 40 индексни поени на Индексот на перцепција на корупција. Иако се бележи минимално подобрување од 2021 година, сепак нашата држава во 2022 година ја одбележаа големи корупциски скандали.

Related posts

Бесплатни карти за патување на младите низ ЕУ

admin

Македонците незадоволни од политичките слободи

admin

ДАЛИ ВЛАСТА ПАК ЌЕ КУПУВА ВЛИЈАНИЕ ВО МЕДИУМИТЕ?

ninja

Студија: Балканските народи се генетски слични!

admin

Мицковски: Од државотворна СДСМ се претвори во измеќар на ДУИ

admin

Маричиќ: Манифестот за ЕУ – доказ за нашата посветеност за евроинтеграциите

admin