13.8 C
Скопје
13 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Се зголемува бројот на регистрирани компании, вработиле околу 12 илјади лица, 76.4% припаѓаат на услужните дејности

Во 2021 година биле регистрирани 5.960 новосоздадени претпријатија, што претставува 9.1 % од вкупно активните пазарно ориентирани претпријатија, велат најновите бројки на ДЗС, пренесува Инбокс7.

Во однос на 2020 година, забележано е зголемување на бројот на новосоздадените претпријатија за 15.9% %, и тоа најмногу во секторите Трговија, Градежништво, Транспорт и складирање, Информации и комуникации, Преработувачка индустрија, како и Објекти за сместување и исхрана.

Најголемиот дел од новосоздадените претпријатија (76.4 %) припаѓаат на услужните дејности, во чии рамки најмногу се од секторот Трговија на големо и мало. Потоа, доаѓаат компаниите за поправка на моторни возила и мотоцикли, за сместување и сервисни дејности со храна и компаниите за стручни, научни и технички дејности. 12.5 % од новосоздадените претпријатија припаѓаат на секторот Индустрија, а на секторот Градежништво 11.1 %.

Новосоздадените претпријатија вработиле 11.991 лице, што претставува зголемување за 21.5 % во однос на претходната година. Без вработени биле 16.8 % од новосоздадените претпријатија, 77.6 % вработиле 1-4 лица, додека 3.6 % вработиле од 5 до 9 лица.

Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија според правната форма покажуваат дека најголемо учество имаат претпријатијата категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва (85.4 %).

Од вкупниот број активни претпријатија, во 2020 година згаснале 8.2 %, односно 5.382.

Гледано по сектори на дејност, најголемиот дел од згаснатите претпријатија (30.8 %) се во секторот Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, а според правната форма најголем дел од згаснатите претпријатијата (75.5 %) се категоризирани во групата Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

 

 

Related posts

Внимавајте со лажните наградни игри на социјалните мрежи: Со еден клик станувате мета на фишинг напади

admin

Реџепи: Немаме “План Б”, уставните измени мора да поминат

admin

БИСЛИМОСКИ УВЕРУВА ДЕКА И ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПАЗАРОТ ЗА ПРИРОДЕН ГАС

ninja

ШОЛЕ И ЕСКОБАР ЈА ОДЛОЖИЈА ПОСЕТАТА НА СКОПЈЕ

ninja

Раскол во ИВЗ, се продлабочува поделбата меѓу реисот Шаќири и муфтијата Несими

admin

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin