14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ахмети: Надлежните да ги истражат Мерко и Дрин, стоиме на ставот за ветинг

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска упати повик до сите надлежни институции темелно да се истражуваат случаите на Рамиз Мерко, кој беше прогласен за персона нон грата од САД заради корупција, и на неговиот внук Дрин Ахмети, за кого медиумите и опозиција покрена сомневање за купувањето на бизнис центарот Соравија во Скопје, пренесува Инбокс7. 

По гласањето за внатрепартиските избори во неговото родно село Зајас, Ахмети рече дека цврсто стои на ставот за ветинг на сите јавни функсионери.

„Господинот Мерко мора да биде истражен и апсолутно господинот Мерко не се противи на ваквата постапка, бидејќи тој самиот гласаше во Генералниот совет да се отвори истрага, за целокупната активност на Демократската унија за интеграција кои од 2002 година до сега додека зборуваме, од првиот човек на ДУИ до последниот. Не можеме како партија да бидеме и обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата. Ние цврсто стоиме на ова мислење да се отвори истрага за целокупното делување на ДУИ, за сите функционери, почнувајќи од мене. Господинот Мерко не избегнува да се соочи со истрагата и бараме што поскоро да се открие целата вистина.“, рече Ахмети.

Истото, рече тој, се однесува и за Дрин Ахмети.

„Ни Дрин не може да ја избегне истрагата, откривањето на вистината, за ова нема да има пречка и нема амнестија или засолниште од моја страна. Се што ги интересира државните органи е слободно да се вршат истраги и да се открие вистината“, рече Ахмети.

Related posts

Со декларација од Скопје се бара забрзување на патот кон ЕУ

admin

KРИЗА НА ЛИДЕРСТВО, ВИЗИЈА, МОРАЛ ИЛИ НА СЀ ЗАЕДНО?

ninja

ВИРАЛНО, АМА ОПАСНО ПО ЖИВОТ: СЀ ЗА ОНЛАЈН СЛАВА

ninja

Се зголемува бројот на регистрирани компании, вработиле околу 12 илјади лица, 76.4% припаѓаат на услужните дејности

admin

Ковачевски: Границата со Албанија само со едно застанување

admin

ЗАПАДОТ ЕДНОГЛАСЕН ВО ПОДДРШКАТА ЗА УКРАИНА

ninja