13.8 C
Скопје
23 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Бесими: Постигнавме договор со синдикатите за раст на платите, следи ребаланс на буџетот

Работната група по интензивни средби и разговори денеска во Министерството за финансии го дефинираше моделот за раст на платите на вработените во јавната администрација, пренесува Инбокс7. 

Со цел имплементација на договореното во септември ќе се пристапи кон ребаланс на Буџетот.

„Постигнато е системско и одржливо решение за пораст на платите за вработените во јавниот сектор. Предлогот, кој заеднички го утврдивме, со претставници на синдикатите, ќе биде доставен до Економско-социјалниот совет, кој на седница, која ќе се одржи наредните денови, треба да се потврди. Тоа претставува системско решение кое обезбедува раст на платите на сите вработени во јавниот сектор од 10% почнувајќи со платата за септември 2023 година”, истакна министерот Фатмир Бесими.

Тој заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска беа дел од работната група.

Како што додаде Бесими, решението ги штити интересите на работниците, стандардот, но и истовремено ја следи продуктивноста на домашната економија.

„Најзначајно е дека станува збор за решение постигнато преку дијалог, во кој градиме меѓусебна доверба, решение кое воспоставува систем на долг рок и гарантира раст на платите на сите вработените во јавниот сектор и заштита на стандардот на граѓаните“, потенцира министерот Бесими.

Покрај 10% раст на платите од септември, во разговорите постигнато е и воведување нова методологија на плати со коефициент според просечната бруто плата од март 2025 година. Исто така, е договорено регресот за годишен одмор да се исплати во износ од 10.000 денари нето за 2023 година, а од 2024 година па понатаму договорено е во општиот колективен договор тој да изнесува најмалку 30% од просечната нето-плата.

Дијалогот за раст на платите се води во рамки на Економско-социјалниот совет, каде во изминатиот период на дневен ред беше потпишувањето Општ колективен договор за сите вработени во јавниот сектор, со цел да се воспостави системско решение кое ќе важи за сите подеднакво.

Related posts

Бугарија ризикува да изгуби фондови од ЕУ поради политичките расправии

admin

Ослободени авторите на „крвавиот четврток“

admin

Петар Гошев: Ни треба револуција за правна култура

admin

МАКЕДОНИЈА ЗАГРИЖЕНА, А АПАСИЕВ СО ПОДРШКА ЗА ПУТИН: САКАВТЕ КОСОВО, ЕВЕ ВИ УШТЕ ДВЕ

ninja

Шпионска драма во Британија: Бугарски државјани следеле руски дисиденти, новинари и политичари

admin

Ванковска: Јас сум за евроинтеграција, но на сосема поинаква основа

admin