13.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Украина, Косово, Русија…што се очекува од НАТО самитот во Вилнус?

На 11 и 12 јули, лидерите на земјите-членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ќе се сретнат во Вилнус, Литванија, за да се справат со најитните предизвици за алијансата, да ги зголемат одбранбените и одвраќачките капацитети на НАТО, како и да ја доближи Украина до групата, според алијансата, пренесува Инбокс7.

„Одлуките што ќе ги донесеме во Вилнус ќе ја доближат Украина до НАТО… зајакнувањето на одбраната на НАТО ќе биде на врвот на агендата и на нашиот самит“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Додека Украина ќе биде на врвот на агендата на самитот, за Косово не се очекува воопшто да се разговара и покрај зголемувањето на тензиите на северот на Косово населен со мнозинство Срби.

Интересно е што во времето на неодамнешните немири во северниот дел на Косово, во кои беа нападнати војниците на мисијата на НАТО на Косово – КФОР, тоа официјално не е на дневен ред.

Присуството на КФОР сега е зголемено за 500 војници, со што вкупниот број мировници се искачи на 4.300 – но не се очекува дискусија за ова прашање на самитот, освен ако некој од лидерите не се осврне директно на тоа.

За Украина, овој самит е за избегнување на уште еден „Букурешт“ или „Будимпешта“. „Букурешт“ се однесува на самитот на НАТО во 2008 година што се одржа во романската престолнина. Токму на овој самит, воената алијанса сензационално објави дека Украина (како и Грузија) ќе стане членка на алијансата, но без да прецизира временска рамка или метод.

Јасно е дека декларацијата на НАТО, на самитот што ќе се одржи во Вилнус, нема да го покани Киев да стане членка на алијансата токму тој ден, на самитот.

Впрочем, никој не е расположен да и ги даде на една држава, која е среде војна, гаранциите од член 5 (напад врз земја членка на НАТО е напад врз која било земја членка на воената алијанса). Сепак, тие ќе се обидат да најдат начин да и ветат членство на Украина откако работите малку ќе се подобрат.

„Будимпешта“ влегува во игра со упатување на триото меморандуми од 1994 година во кои Русија, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави обезбедија безбедносни гаранции за Украина (како и Белорусија и Казахстан) во замена Киев да се откаже од своето нуклеарно оружје од советско време.

Додека Украина го чека можното членство во НАТО, таа бара „гаранции“ дека Западот ќе продолжи да ја поддржува воено.

Како може да се изрази оваа поддршка останува една од загатките на овој самит.

Related posts

БЕРБОК: МОЖЕН НЕУСПЕХ НА КЛИМАТСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА

ninja

Малеска: Се „печалат“ гласови со антиевропска реторика

admin

ДЕЦАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ – ТРН ВО ОКО ЗА ЈАВНОСТА

ninja

Уште едена “бомба” на Коп, владата се брани

admin

Дали Ковачевски прифаќа влада без ДУИ?

admin

Германска поддршка за европското досие на Северна Македонија

ninja