12.8 C
Скопје
13 октомври, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДУИ мета на критиките за корупција, почна ли предизборната кампања?

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во последните недели е мета на критиките од политички и медиумски центри на моќ. Купувањето на бизнис центарот Соравија од австриска приватна компанија, приватните фирми на синот и внуците на Ахмети како и случајот на прогласување на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за персона нон грата од САД, ги интензивираа критиките кон ДУИ, јавува Инбокс7.

И Антикорупциска комисија стана дел од оваа операција. Повикот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за истрага на сите функционери на партијата, за антикорупционерите е фрлање прав во очи на јавноста.

“Од поднесувањето на анкетниот лист во 2020 до денес, Ахмети нема пријавено промени во имотната состојба”, велат од ДКСК.

Но Ахмети повика да се истражи секој функционер на ДУИ, почнувајќи од него.

„Не можеме да станеме партија, обвинители и истражители и да одговараме на секоја клевета, ниту да работиме на откривање на вистината, тоа им припаѓа на органите на правдата“.

Поранешната антикорупционерка, Вања Михајлова, во изјава за медиумите излезе со сомнежи за корупција и трговија со влијание на моќни личности од политиката – поради начинот на продавањето и купувањето на „Соравија“.

„Сомневањата за легалност на постапката и средствата со кои млад човек кој „случајно„ е внук на Али Ахмети, успеа без сопствени средства (дури и да ги има, потребно е да се испита потеклото на парите) успева да купи таков капитален објект во строгиот центар на градот, уште повеќе ја потенцира потребата од вклучување на сите надлежни институции, особено и поради фактот што истиот „бизнисмен“, изјави Михајлова за медиумот „Локално“.

Најгласна против ДУИ е ВМРО-ДПМНЕ, која гласањето за уставните измени го услови со влада без ДУИ.

„Единствена фабрика со директор Ахмети е таа за криминал, која ја поседува фирмата за криминал ДУИ. Ахмети да каже како внук му без вложен денар ја купи Соравија, додека обичните Албанци одат странство за да заработат за преживување. Ахмети да каже како неговото семејство стана едно од најбогатите во Македонија. Како внук му преку ‘Тор Индустриес’ со која ја купи Соравија гради на Коридор 8 како подизведувач“, изјави ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Related posts

Колку ќе ве чини летување во Турција оваа година?

admin

Локални избори во Турција, главната политичка битка се води за Истанбул

admin

Ескобар: Идната влада да се залага за ЕУ и НАТО

admin

ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА РУСКОВСКА И УШТЕ ДВЕ ОБВИНИТЕЛКИ

ninja

Ни криви, ни должни- граѓаните мора да платат за новите пасоши, иако не им поминал рокот

admin

Две прослави: кој сака да го приватизира Рамковниот договор?

admin