Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прекине секаква комуникација со власта, вклучувајќи ги и разговорите за уставните измени, според министерот за надворешни работи Бујар Османи, е многу лоша и непромислена.
Османи, кој е и портпарол на ДУИ, оценува дека со ваквата одлука ВМРО-ДПМНЕ покажа дека ниту сака, ниту има намера некогаш да се соочи со кој било предизвик на државата. Тој додаде дека за опозициската партија најважно е моќта и власта.
Во однос на процесот за измени на Уставот согласно Францускиот предлог, тој рече дека нема ништо конспиративно во одредувањето на денот кога измените ќе бидат доставени до Собранието. “Едноставно, се калкулира кога е најдобриот момент”, рече Османи.
Тој рече дека посакува и ВМРО-ДПМНЕ да гласа заедно со останатите, и ја повика на разговори за “прво да констатираме дека ова е од наш интерес”.
“Им ги исполнивме сите барања и предуслови: гаранции – да, ДУИ да излезе од Владата – да, избори истиот ден – да, што е тоагш проблемот, освен инает, калкулација за власт, но то не е фер и кореткно. Граѓаните очекуваат поодговорно однесување од сите нас”, рече Османи
Според него, премиерот даде конкретна изјава, рече дека за кратко време ќе бидат пратени предлозите за уставните измени.
“Ние сме политичка Влада и ги пресметуваме сите аспекти, даваме простор за продолжување на политичките разговори, се координираме со Палраментот по однос на внатрешните процедури, го сетираме тајмингот за да помогне во дебатата. Нема некоја конспирација зад пресметување на денот кога ќе ги пратиме предлозите, туку баш, класично калкулирање, кога е најдобриот момент, кога Собранието смета дека веднаш може да го процесуира текстот, дали се исцрпени сите разговори, да се даде ден повеќе на опозицијата да рефлектира и календарски е прашање поради одморите. Нема ништо конспиративно, очекувам брзо, во рамки на наредните денови, недели, да се прати текстот во Собранието. За мене тоа ќе биде најважниот момент, кога граѓаните ќе ги прочитаат уставните измени. Дури некому кажав, јас на билборди би ги ставил уставните измени за да видат граѓаните дека целата пропаганда по однос на уставните измени не е точна, истакна Османи на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања”, рече Османи.