14.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Османи се сретна со Ескобар

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, кој истовремено е и претседавач на ОБСЕ, се сретна денеска во Дубровник со Габриел Ескобар, заменик помошник на државниот Секретар на САД и специјален пратеник на САД за Западен Балкан,  пренесува Инбокс7. 

Во фокус на разговорите биле актуелните состојби во Западен Балкан, Планот од 9 точки за деескалација на тензиите меѓу Србија и Косово, развојот на билатералните односи во рамки на Стратешкиот дијалог и потребата од забрзување на евроинтегративните процеси на Северна Македонија и земјите од регионот како споделена стратешка цел.

“Процесот на проширување на Европската унија претставува безбедносно прашање, и оттука забрзувањето на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан е од клучно значење за зачувување на стабилноста во нашиот регион, но и Европа како целина”, вели Османи.

 

 

 

 

Related posts

Мигранти од Централна Азија војуваат против Украина за Руско државајнство

admin

Софија одговори на вербалната нота од македонското МНР

ninja

ОТВОРЕНА РЕЗЕРВА КОН „ОТВОРЕН БАЛКАН“

ninja

Протест во Тетово: одговорност и правда мора да има

admin

Расте притисокот за оставка на Љубомир Јовески

admin

Русија го освои градот Херсон по една недела од инвазијата на Украина

ninja