14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Скандалозно: 10 пациенти подложени на непотребни кардиохируршки интервенции

Внатрешната комисија на Министерството за здравство утврди дека кај 10 од анализираните 19 случаи биле извршени непотребни кардиохируршки операции или пациентите биле неоправдано упатени на интервенции, соопштија денеска здравствените власти.

Министерот за здравство Азир Алиу рече дека е побарана дополнителна експертиза од странски специјалисти пред да се објават детали за случаите, вклучително и имињата на болниците каде биле извршени интервенциите.

„Комисијата работеше според утврдена методологија. Кај поголемиот дел од случаите има неправилно упатени или неправилно оперирани пациенти“, изјави членката на комисијата, д-р Ненси Лозанче.

Министерството најави дека ќе се спроведе поширока студија за работата на сите јавни и приватни здравствени установи кои изведуваат кардиоваскуларни интервенции. Претседавачот на комисијата, Христијан Христовски, рече дека целта е да се направи сеопфатна проценка на квалитетот и практиките во секторот.

Опозициската СДСМ побара објавување на имињата на лекарите и клиниките вклучени во случаите, наведувајќи дека јавноста има право да знае каде се направени пропустите и кој е одговорен.

Министерството соопшти дека конечниот извештај ќе биде објавен по завршувањето на дополнителната анализа и вклучувањето на меѓународните експерти.

 

Related posts

122 години oсаменост

admin

Јанкулоска го споредува судењето за „Тенк“ со Нирнбершките процеси, чека одлука од ЕСЧП

admin

Кренар Лога се повлекува од Алијансата за Албанците

admin

ЕУ и Западен Балкан ја продлабочуваат соработката

admin

Сиљановска Давкова го разреши Муслиу, тој ја обвини дека попуштила пред политичките притисоци

admin

Протест „Марш за ангелите“ во Кочани; семејствата на жртвите бараат правда и независна истрага

admin