24.8 C
Скопје
29 април, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Палењето на автомобилот на Груби, реагира АзА

Алијансата за Албанците (АзА) најостро го осудува вандалскиот и неподнослив чин на палење на автомобилот на вицепремиерот Артан Груби, соопшти партијата на Арбен Таравари, пренесува Инбокс7.

“Ваквите хулигански дела се неподносливи во демократска земја и општество. Ги повикуваме органите на прогонот што поскоро да го решат случајот и да ги откријат сторителите.”, смета АзА.

Партијата смета дека, надвор од политичките разлики и несогласувања, сите субјекти и институции мора да ги осудат ваквите дела, додека редот и безбедноста мора да бидат гарантирани за секој граѓанин.

“Овие закани и вандалски напади претставуваат опасност за целото општество и како такви мора да бидат осудени од сите, без разлика.”, вели АзА.

Related posts

ЗНМ со поддршка кон колешката од МИА Ангела Рајчевска

admin

ПАРНОТО ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК, ЈОРГАНИТЕ АЛТЕРНАТИВА

admin

ПРОЦЕСОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ ДОБИВА НОВ ЗАМАВ

ninja

Пораки за обединување, но и меѓусебни критики за Денот на македонската револуционерна борба

admin

Министерствата штедат струја со темни ходници

ninja

Трета републиканска претседателска дебата, Трамп доминира

admin