33.8 C
Скопје
16 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Реагира Алтернатива на Гаши: Оставките на ДУИ се ПР-сценарио, тонете во вашата кал

Опозициската Алтернатива на Африм Гаши ја нарече ПР стратегија одлуката на ДУИ за колективна оставка од владата, која ќе стапи на сила откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгласа уставните измени.

„Денешното дволиство на Ахмети, Груби и нивните кланови сведочи за неколку работи. Прво, дека парламентарното мнозинство е далеку од 2/3 мнозинство за посакуваните уставни измени. Второ, Ахмети, Груби и нивните кланови се покажаа дека се во паника за тоа што е следно. Трето, по едно ПР-сценарио на лажно херојство, веќе видено, како „Зошто да не“, повторно се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од нивните корумпирани и политички дамки”, се вели во реакцијата на Алтернатива.

“Алтернатива порачува, тонете уште малку во вашата кал, бидејќи по парламентарните избори, кога и да се случат, ќе давате отчет пред судските органи за сите неправди што му се направени на албанскиот народ. Часовникот отчукува!“, велат од Алтернатива.

Related posts

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

admin

Меџити за АЛФА: Четворица пратеници на „Европскиот фронт“ може да преминат во ВРЕДИ

admin

Мафијашки убиства и престрелки ги вознемируваат граѓаните – како да се пресретнат?

admin

Бајден: Секоја генерација мора да ја заслужи слободата

admin

Агелер: Да се заврши Грчко-македонскиот гасовод за независност од Русија

admin

„Вреди“ се трансформира во партија, Алијансата на Таравари се дистанцира

admin