15.8 C
Скопје
26 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ: ДУИ покажа одговорност, на потег е ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја поздрави колективната оставка на функционерите на ДУИ за да се исполни условот на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на уставните измени. 

“Ставајќи го државниот пред партискиот интерес ДУИ покажа одговорност кон врвната стратешка цел, европската иднина на земјата и сите наши граѓани”, соопшти денеска СДСМ.

Со одлуките на Централниот одбор на СДСМ, како и со оваа одлука на ДУИ, партијата на Димитар Ковачевски смета дека “сите услови кои ги поставуваше Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ.”

“Големите државнички одлуки бараат државнички капацитет и одговорност. На потег е Христијан Мицкоски да покаже и докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или само својата фотелја во Белата палата. Членството во ЕУ е врвна стратешка цел, не е борба за власт туку борба за иднината на државата и од тоа СДСМ нема да отстапи. Гласот за уставните измени е глас за Европа, за сигурна и стабилна иднина. Со глас за Европа во македонското Собрание Мицкоски и ДПМНЕ имаат шанса, наместо да ја блокираат, наместо да ја одвојуваат македонската од европската агенда, да ја поддржат”, се вели во соопштениетоат.

Според СДСМ, Мицкоски треба донесе одлука, пратениците на ДПМНЕ да дадат поддршка за уставните измени и продолжување на европскиот пат. “Мицкоски мора да донесе одлука и да преземе одговорност, глас за ЕУ или изолација.”

Related posts

Вештачката интелигенција може да ја уништи демократијата

admin

Анализа на РТС: Со уставните измени Македонците стануваат малцинство во сопствената држава

admin

Независност 32 години: Каде бевме, до каде стигнавме?

admin

СОФИЈА СО КРИТИКИ ДО СКОПЈЕ ЗА ПРАВАТА НА БУГАРИТЕ

ninja

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПРИФАТИЛЕ ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА

ninja

НЕИЗВЕСНО КОГА ЌЕ ПОЧНЕ ПОСТАПКАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ

ninja