32.8 C
Скопје
16 јуни, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Спасена мечка заглавена во бачило во Бозовце (ВИДЕО)

По интервенција надлежните институции денеска во тетовското село Бозовце, Шар Планина, е спасена мечка која била заглавена во метална сајла, пренесува Инбокс7.

“По дојава на локален жител од село Бозовце дека во неговото бачило е заглавена мечка, Ј.У.Н.П. Шар Планина заедно со стручни лица од Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје организираа акција за ослободување на животното. Возрасниот мажјак кој беше заглавен во сајла околу 10 часа, беше изморен и исплашен, а по 3 часа работа Бозо беше успешно ослободен”, се вели во информацијата на НП Шар Планина.

Мечките се строго заштитени жители на Шар Планина, а локалното население од планинските села живее во соживот со природата.

“Упатуваме благодарност до сопственикот на бачилото кој го пријави настанот за да се ослободи мечката. Благодарност и до полициските службеници за напорите да го обезбедат теренот, како и до сите други надлежни институции со кои се координираше акцијата”, вели во соопштението НП Шар Планина.

 

Related posts

Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

admin

За 2 месеци Русија потроши 26 милиарди долари за одбрана

admin

Несогласувања во ВЛЕН, Таравари не ги негира амбициите за локалните избори

admin

Во Северна Македонија се одржуваат претседателски и парламентарни избори

admin

САД избегна банкрот, Конгресот изгласа да се зголеми лимитот на долгот

admin

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

admin