24.8 C
Скопје
11 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Џафери кажува колку ќе трае собраниската седница за уставните измени

Првиот човек на Собранието Талат Џафери во „Летен клик“ на ТВ21 рече дека расправата за потребата од гласање на уставните измени може да трае најмногу 10 дена, пренесува Инбокс7.

„До 10 дена, не значи дека ќе трае 10 дена. Може да трае 1 минута, ако нема кој да зборува, за една минута ја затворам дискусијата, процедурално“, рече Џафери.

Првиот човек на Собранието рече дека на дневен ред има само една точка, гласањето за потребата од уставни измени и дека би било бесмислено доколку на дневен ред се додадат и други точки.

„Седницата треба да се отвори, да се предложи дневниот ред, додека седницата е веќе свикана и на дневен ред е само една точка. Процедурално морам да прашам дали има предлози за промена и дополнување на дневниот ред, но во принцип за вакви седници тој не е завршен и би било беспредметно доколку се додадат други точки на дневен ред“, додаде Џафери.

Related posts

Спречена блокада на сите полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром

admin

ЈА ПОЧНУВА ЛИ РУСИЈА ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА

ninja

Проруски свештеник избран за нов патријарх на Бугарската православна црква

admin

Германија: Нападот врз КФОР не смее да остане неказнет

admin

Ганиу: Ако има прекршувања, нека постапат институциите – не Арсовска да прави шоу

admin

Полициска акција во северот на Косово, остра реакција на САД и ЕУ

admin