15.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

Отворен Балкан, Хроника на една предскажана смрт

Пишува: Арбен Таравари 

Од 2019 година, кога се иницира процесот на Отворен Балкан, континуирано ја изразуваме нашата резервираност за оваа асиметрична, неинклузивна и дупликативна иницијатива. Токму поради овие причини, Отворен Балкан не ја доби поддршката ниту од самата Европска Унија, во чие име беше започнат.

Штетите на иницијативата во регионалната соработка во целина несомнено ги надмина индивидуалните придобивки во трите земји учеснички. Наместо да ја зголеми довербата и да го зајакне духот на соработка, овој проект уште повеќе го поларизираше Западен Балкан во веќе немирно време за регионот и континентот.

Затоа, го поздравуваме повлекувањето на Албанија од оваа иницијатива и целосното фокусирање на албанската влада во Берлинскиот процес, како единствена рамка за економско-политичка интеграција на регионот, решавање на преостанатите пречки за постигнување на заедничкиот регионален пазар и единствен начин за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија.

Со излегувањето на Албанија од овој механизам, оценуваме дека Отворен Балкан е мртов проект и дека сега целата енергија на владата на Северна Македонија треба да биде посветена на имплементацијата на акциониот план 2021-2024 на заедничкиот регионален пазар, за доброто на граѓаните на земјата и регионот во европски и егалитарен дух што се однесува на односите меѓу шесте земји од Западен Балкан.

На импровизациите и авантурите во рамките на паралелни процеси, неинклузивни и кои што водат кон еден Западен Балкан со две брзини им дојде крајот.

Related posts

Еуростандард банка vs функционерите, луѓе без совест

admin

Мултипартиски, мултиетнички и мултикултурен криминал

admin

#NotATarget

admin

На Канал5 видовме цензура и кршење на слободата на говор

admin

НОВОГОДИШНА: ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ИДНИНА

admin

Рефлексија за финансиите и економијата во време на повеќекратни кризи: најтешкото е зад нас

admin