19.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ковачевски повика да се усвојат уставните измени

Изминатата година, од опозиционите политички партии се изнаслушавме за катастрофи, апокалипси, пропасти, и ништо од тоа не се случи, немаше асимилација, немаше бугаризација, посочи претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето обраќање на Комисијата за уставни прашања во Собранието.

„Јас, СДСМ, Владата сме на страната на обединувањето, прогресот, на вистинскиот браник на македонскиот вековен индентитет и засебност. Затоа повикувам, да не се мисли само на лични кариери и позиции. Да не се плаши народот со измислени сценарија. Да не се сонуваат некои минати времиња и да се предизвикуваат нови несреќи како претходно.Туку заради државата, разумно, одговорно и совесно да се делува. Тоа може да се направи, ако се сака. Одлуката е Ваша и само Ваша. Бидете уверени дека сите одлуки ги носиме во Ваш најдобар интерес. Сакаме зад нив да застанат сите, да имаме како и другите развиени држави, силна и заедничка внатрешна кохезија, енергија и посветеност за добар живот сега, уште подобар утре. И тоа дома, не во туѓина“ порача Ковачевски.

Ковачевски на пратениците им посака мирна, конструктивна и успешна дебата, во име и во интерес на сите граѓани.

Related posts

Истражување на РСЕ: Таткото на министерот Бочварски планира да гради фабрика и фотоволтаична централа

admin

Харадинај до косовската опозиција: Зошто се плашите да ме подржите да го рушиме Курти

admin

Ахмети му враќа на Меџити: ДУИ беше, е и ќе остане авангарда на националното прашање

admin

Кој на бел коњ, кој на куцо магаре

admin

НЕМА ОДЛУКА ЗА ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ВО ВЛАДАТА, ФОРМИРАН Е ТИМ ЗА ПРЕГОВОРИ

ninja

Незири: Мешањето на Курти во Македонија – опасен преседан

admin