19.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Незири: Колективната оставка е стратегија на ДУИ и храбар чекор на Ахмети

Депонирањето на колективната оставка на функсионерите на ДУИ е значаен придонес кон постигнување договор за уставните измени, но и добра стратегија на партијата на Али Ахмети во пресрет на парламентарните избори, закажани за следната година, вели аналитичарот Џелал Незири за порталот Трилинг, пренесува Инбокс7.

„Потегот на ДУИ е стратешки: Од една страна целиот товар за уставните измени го префрла на ВМРО-ДПМНЕ, додека од друга страна ги зајакнува позициите во пресрет на редовните парламентарни избори во пролет или наесен следната година“, смета тој.

Како и да е, Незири вели дека ова е „е храбар чекор на Ахмети со кој, на некој начин, ги жртвува сегашните интереси и позиции на партијата за да не ни се случи нова блокада во евроинтеграцијата“. „Ова беше една од опциите кои Мицкоски ги предложи за да се усвојат уставните амандмани – широка влада без ДУИ до наредните избори.“, додава тој.

Другата опција – брзи избори и етничка коалиција ВМРО-СДСМ, според Незири е неприфатлива за ДУИ но и опасна за државата.

„Со врачувањето на условните оставки ДУИ фактички го прифаќа условот на ВМРО-ДПМНЕ и ја префрла топката на теренот на опозицијата. Мицкоски ќе нема аргументи да ги отфрли уставните измени, додека со усвојувањето ДУИ секако би била најзаслужна“, е ставот на новинарот и аналитичар, Џелал Незири за Трилинг.

Related posts

На тест ЕУ-интегративниот, ама и демократскиот капацитет

admin

Започна војна на кланови за тронот на Путин

admin

Со декларација од Скопје се бара забрзување на патот кон ЕУ

admin

КУРТИ – РАЗГЛЕДУВАМЕ МОДЕЛИ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ

ninja

Македонските истраги под будно око на Лаура Ковеши

ninja

Нагазна мина во Атина: Аман комшија, не нѐ „брани“

admin