16.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

На тест ЕУ-интегративниот, ама и демократскиот капацитет

Тестирањето на расположението за уставни измени нема да помине и без опозициско тестирање на демократските вредности за кои владејачките партии постојано говорат.

Само гласањето „за“ уставните измени може да отвори пат за предвремени избори. Во спротивно, владејачките партии нема да се откажат од легитимно добиениот мандат и ќе го користат до крај, со цел до следните редовни избори да се обидат да го обезбедат потребното двотретинско мнзинство.

Ова е ставот на властите по извесноста дека такво мнозинство во моментов нема, а опозицијата постојано повторува дека нема да поддржи уставни измени. Со цел процесот да успее и да се добие во време, сега на сцена е растегнување на временската рамка во која тој процес би можел да се реализира. Ако претходно ноември беше посочуван како некаков ориентациско- административен „рок“ за уставните измени, сега во повеќе наврати како краен, граничен рок, се посочува крајот на мандатот на овој парламентарен состав.

„Првична цел е до ноември, но реалниот рок е до последниот ден од мандатот на актуелниот парламент. До последниот ден ние ќе работиме за да обезбедиме поддршка за уставните измени, сметајќи дека нема аргументи против“, најaвува министерот Османи.

Лакмус за демократијата

Покрај обидот да се апсорбира поддршка за реализирање на уставните измени (условот без кој не може да почне отворањето на преговарачките поглавја), независно од него на политичката сцена се одвива интензивен процес за здружување и окрупнување на опозициските партии од албанскиот блок.Иако тие партии не се против уставните измени, дел од аналитичарите сметаат дека обидите за подривање на нивната соработка за потенцијално обединување во заеднички фронт, може да им предизвика револт, кој на крајот би можел да се одрази негативно токму во сферата на уставните измени.

А промените во албанскиот кампус се доста видливи. Откако „огнениот“ Изет Меџити ја напушти ДУИ и на 13-ти август ќе ја промовира новата партија Демократско движење, дел од фракционерите кои одбија да му се придружат (со образложение дека ќе останат во ДУИ и сите несогласувања ќе ги решаваат таму), истите веќе се појавуваат на јавни настани рамо да рамо со од нив критикуваниот Ахмети. Пред неколку дена Невзат Бејта го придружуваше Ахмети на манифестацијата „Средби на Горна Река“, а потоа и Блерим Беџети објави фотографија како заедно со Ахмети се во село Буковиќ, во домот на истакнат активист од дијаспората.

И додека огнот во ДУИ е угасен, искра се запали во опозициската Беса, каде заменик претседателот Арјанит Хоџа ја напушти партијата и најaви формирање на нова. Од опозициските партии велат дека опструкциите кон создавањето на заеднички опозициски фронт, само дополнително ги мотивираат партнерите да го зајакнат заедничкото дејствување. Во овој контекст, тестирањето на расположението за уставни измени, нема да помине и без опозициско тестирање на овдешните европски и демократски вредности, за кои владејачките партии постојано говорат.

ВМРО-ДПМНЕ: Пак без консултација

Покрај условените оставки на ДУИ со цел опозицијата да даде поддршка за уставните измени, се очекува власта во наредниот период да понуди и други решенија кои би можеле да ја предомислат опозциската ВМРО-ДПМНЕ. Актуелниот Манифест за преговори со ЕУ, документ околу кој власта очекува да се обединат сите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ го оцени како документ креиран на истиот начин што таа и досега го критикувала – без никакви консултации.

„Напишале две страни, смислиле име, го нарекле Манифест и преку соопштение, без никакви консултации, како да се работи за најнебитната работа во државава – го испраќаат до медиумите, повикувајќи ги сите чинители да го прифатат“, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, т.н. манифест е признание на власта дека во изминатите месеци ништо не направила за зачувување и остварување на стратешките интереси на Македонија.

„Исто како пред година и пол, кога власта сама си договараше и преговараше протоколи со источниот сосед, без никаква консултација со опозицијата, сега повторно сами си пишуваат документи и повикуваат на консензус. ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено таканаречениот манифест, и откако ќе го добие тој документ, доколку има нешто суштинско за разгледување, органите на партијата ќе го разгледаат и ќе се изјаснат“, се наведува во партиското соопштение.

Северна Македонија | ВМРО-ДПМНЕ | седиште
ВМРО-ДПМНЕ го нема добиено таканаречениот манифест, велат од опозициската партијаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Не е време за надмудрувања

Сега не е време за политички надмудрувања и изговори – процесите добиваат на успех и вредност ако се валоризираат во вистинско време, порача на Фејсбук вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

Тој манифестот го оцени како нов повик за обединување на сите политички лидери кон преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Сите политички партии застануваат на иста линија и оставајќи ги настрана своите разлики создаваат обединет фронт, демонстрирајќи дека членство во ЕУ е заедничка цел што ги надминува политичките разлики. Овој Манифест не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ, туку е и потврда за нашата национална решителност да изградиме подобра, обединета и светла иднина за Северна Македонија“, порача вицепремиерот.

Тој ги повика сите да застанат на иста страна и со посветеност и единство да ги продолжат и забрзаат преговорите со ЕУ.

„Единствен консензус кој може да биде прифатлив – е за предвремени парламентарни избори“, одговорија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Уставни измени под вакви околности ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да прифати, и тоа им е јасно на ДУИ и на Ковачевски. Знаејќи дека немаат двотретинско мнозинство за уставни измени, Ахмети и Ковачевски купуваат време со таканаречен Манифест, документ кој е напишан во штабот на ДУИ без никаква консултација на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Наместо да ги зачуваат и да се борат за националните интереси изминативе месеци, криминалците од ДУИ и СДС купуваа трговски центри, дуќани, автомобили, отвораа фирми за трговија со електрична енергија, земаа провизии, местеа тендери за себе и нивните блиски. Единствен консензус за доброто на граѓаните и државата се избори веднаш, за излез од оваа агонија и бездна во која ја втурнаа државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Извор: Дојче веле

Related posts

Бугарија да одзема државјанства заради говор на омраза

admin

Вучиќ разговараше со Пич: И покрај провокациите од Приштина, остануваме посветени на мирот

admin

КУРТИ ЗА ЗСО: СРБИЈА САКА КАФЕ БЕЗ ФИЛЏАН

ninja

“Моето сеќавање е добро, по ѓаволите”, гневно реагираше Бајден

admin

ЕУ: СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

ninja

Судскиот совет тежи 3,2 милиони евра: Горигева најбогата, Зендели најсиромашен а Николовски со колекција на пушки

admin