24.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Полициска акција во Тетово и Гостивар – прекршоци за точење алкохол на малолетници и за гласна музика

Во периодот од синоќа 23.00 до утрово 05.00 часот , полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во угостителски објекти на поширокото подрачје на Тетово и Гостивар, во врска со присуство на малолетници, точење на алкохол на малолетници и нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика, информира МВР.

“Во рамки на контролата откриени се вкупно 11 прекршоци за точење на алкохол на малолетници (пет во Тетово и шест во Гостивар), како и 18 останати прекршоци. Воедно во два угостителски објекти во Тетово, по извршено мерење со уред фонометар, констатирано е дека јачината на музиката е над дозволената законска граница. За сите констатираните неправилности на прекршителите ќе им бидат изречени соодветни санкции.”

Related posts

Прегазен пешак во Тетово, возачот побегнал

ninja

Домашно куче „бул мастиф“ усмрти дете, во Градска болница донесено без знаци на живот

ninja

Фатен криумчар од Виница како превезува мигранти

admin

Четири млади од Битола се обиделе да извршат тешка кражба

admin

Осуден разбојник бил ослободен од затворски полицаец во Идризово

admin

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

admin