15.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКАХРОНИКА

Познато име се поврзува со убиството на Вања, тој е надвор од државата

Скопјанецот Љупчо Палевски – Палчо го поврзуваат со киднапирањето и убиството на младата скопјанка, Вања Ѓорчевска, дознава Фокус.

Според информациите, тој е надвор од Македонија. Дел од информациите велат дека пред неколку дена се упатил кон Турција.

Засега неофицијалните информации се дека Палевски имал контакти со останатите осомничени во групата, а токму тие го посочиле него кога биле приведени.

Палевски, кој е претседател на движењето „Трета“ е јавно експонирана личност во земјава, пред се во главниот град.

Трите лица кои што се уапсени се уште се на распит, па се очекува да бидат спроведени во Кривичниот суд.

Она за што засега нема официјална потврда е дека целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, а вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори.

Исти лица стојат зад убиствата на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски (74 години), објавија од Обвинителството.

Вања беше исчезната од понеделникот (27 ноември), а Панче од средата (22 ноември). Еден од осомничените за убиството е надвор од Македонија.

Според сознанијата од истрагата и соопштението на МВР телото на Вања е пронајдено во близина на скопското село Орман. Вања била убиена уште истиот ден кога била киднапирана, во понеделникот на 27. ноември.

Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

Сите петмина се од македонска етничка припадност, соопшти Обвинителството.

„По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат.
Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи.

Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви. По комплетирање на доказите и наредените вештачења, обвинителството против сите осомничени ќе поведе соодветна постапка.

Воедно, наспроти шпекулациите и дезинформациите според кои овој случај има етничка заднина, информираме дека сите осомничени се од македонска етничка припадност“ – соопштија од Јавното обвинителство.

 

 

Related posts

Зошто младите во С.Македонија се склони кон корупција?

admin

Му влегле во куќата, физички го нападнале и му ги одзеле парите

admin

Се приближува крајот на скринингот, сеуште не се наѕира договор за уставните измени

admin

Малку се, многу се, но битно е за што ќе се троши финансиската помош од ЕУ

ninja

Клековски: ВМРО-ДПМНЕ е проевропска партија, водиме грижа за државните интереси

admin

Нефју: Имаме веродостојни информации дека Мерко бил вмешан во голема корупција

admin