36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Една изборна единица: демократија поблиску до граѓаните, но со политички ризици

Воведувањето на една изборна единица може да донесе пореален одраз на волјата на гласачите во парламентот, но истовремено претставува ризик за стабилноста на идните владини коалиции, оценуваат политичките аналитичари во изјави за телевизија Сител.

Главниот предизвик, според нив, е утврдувањето на изборниот праг што ќе овозможи фер застапеност без прекумерна фрагментација на законодавниот дом.

„Зависно од тоа колку високо ќе се постави изборниот праг, може да се исклучат многу партии од натпреварот. На пример, праг од 2 или 3 проценти, на еден милион излезени гласачи, значи 20 до 30 илјади гласови. Тоа може да ги елиминира помалите партии. Од друга страна, пренисок праг може да доведе до нестабилен и фрагментиран парламент,“ изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Според аналитичарите, една изборна единица би придонела за поквалитетен парламентарен состав и посилна врска меѓу пратениците и граѓаните.

„Во моментот парламентот функционира како продолжена рака на извршната власт. Закони се носат без јавна дебата, се злоупотребуваат европските реформи. Потребен ни е модел што ќе создаде вистинска демократска репрезентација,“ вели Џелал Незири, политички аналитичар.

Иако новиот модел може да овозможи влез на повеќе партии во Собранието, тоа би можело да ја усложни постизборната коалициска математика.

„Пропорционалниот модел, особено без праг, поттикнува постизборни коалиции. Може да го зајакне трендот каде секој со неколку илјади гласачи формира ‘партија-дуќанче’, третирајќи ја политиката како професија наместо како јавна служба,“ додаде Арсовски.

Незири оценува дека сегашниот систем фаворизира клиентелизам и пасивност кај гласачите.

„Мнозинството гласови сега се резултат на клиентелистички односи. Немаме култура на граѓански иницијативи. Реформите треба да поттикнат поголема вклученост на граѓаните во демократските процеси,“ рече Незири.

Аналитичарите го поддржуваат вклучувањето на дијаспората во изборниот процес, но со предлог за дигитализација на гласањето.

„Гласањето преку електронски пат е поефикасно и подемократско решение, за разлика од сегашниот модел кој бара физичко присуство во дипломатско-конзуларните претставништва,“ истакнуваат тие.

 

 

 

 

Related posts

Капетановиќ: Регионалната соработка може да го претвори потенцијалот на стартапите во мерлив раст

admin

Лишена од слобода жена од Гостивар

admin

Крастев: Скопје „стисна“ пауза во евроинтеграцијата, спонзор на Мицкоски е Вучиќ

admin

ФОТО Тешка сообраќајна несреќа на патот Росоман-Прилеп, има и загинати

admin

Тетово доминира во Владата: ВЛЕН со четворица министри од истиот град

admin

Тилев: Кога процесот е блокиран, тешко е да се одржи реформската енергија

admin