27.8 C
Скопје
30 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски по средбата со Ескобар: Само брзи предвремени избори

Одржување на брзи предвремени избори е единствениот излез од ситуацијата. Ова денеска го истакнал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателот на партијата Александар Николоски, се сретна со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и Амбасадорот на САД, Ангела Агелер,  пренесува Инбокс7.

По средбата немаше изјави, туку јавноста беше запознаена само со партиско соопштение.

“Воедно, укажав дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат Влада со легитимитет”, се вели во соопштението од кабинетот на Мицкоски.

“На средбата беше потврден ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени. Исто така беше потенцирана од двете страни потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави. Потенцирав дека актуелната власт во Македонија за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД. Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности.”, се вели во соопштението.

 

Related posts

УКРАИНЕЦ ПОД АМЕРИКАНСКИ САНКЦИИ ДОБИЛ МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО, ВЛАДАТА ВЕЛИ СÈ Е ПО ЗАКОН

ninja

Четири нови дестинации на Визер од Скопје

admin

Софија одговори на вербалната нота од македонското МНР

ninja

Дали е при крај војната во Украина? Ердоган со стратешки пристап

admin

ВЛАДАТА ИНИЦИРА ОДЗЕМАЊЕ НА ДРЖАВЈАНСТВОТО НА ОНИШЧЕНКО

ninja

МИНИСТРИТЕ ОД ЕУ ДОГОВОРИЈА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ

ninja