14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

МВР ќе користи дронови за надзор на избирачките места на локалните избори

Министерството за внатрешни работи ќе користи дронови и мобилни полициски тимови за надзор на избирачките места на локалните избори во недела, во рамките на мерките за безбедно и непречено спроведување на изборниот процес.

„Безбедноста на граѓаните ќе биде гарантирана со стандардни технички средства, мобилни тимови и пунктови, а ќе се користи и современа технологија – дронови за воздушна контрола со цел побрза реакција и навремено преземање мерки во случај на инциденти,“ соопшти МВР.

Полициски сили ќе бидат распоредени во близина на избирачките места и на клучните сообраќајни точки за да се обезбеди јавниот ред и мир. Министерството апелираше до граѓаните и политичките партии да придонесат за мирна и демократска атмосфера и да ги почитуваат упатствата на полициските службеници.

Денеска е последниот ден од изборната кампања, а на полноќ започнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките места во недела. Според Изборниот законик, секое медиумско известување или изјава што може да влијае врз одлуката на избирачите се смета за прекршување на молкот.

ДИК информираше дека за изборите се отпечатени и дистрибуирани 4.613.438 гласачки ливчиња, со двојна видлива и невидлива заштита. Најдолгото ливче, печатено за неколку општини, е половина метар.

Право на глас имаат 1.832.415 избирачи, вклучувајќи 112.000 лица на привремена работа во странство, 2.162 во притвор или на издржување казна, и 450 жители на домови за стари лица. Во земјата се регистрирани 3.480 избирачки места, од кои 3.474 ќе бидат отворени на денот на изборите.

Кампањата за вториот круг ќе започне на 20 октомври, во општините каде градоначалник нема да биде избран во првиот круг.

Related posts

Македонскиот пат кон независност и интеграција: Малески вели дека надворешната политика бара трчање, а не следење на процеси

admin

Јаневска: Откриени нерегуларности на универзитетите во Тетово, Струга, Охрид…

admin

Министерката Јаневска: Новата концепција за гимназиско образование ќе ги подобри резултатите на учениците

admin

Има ли надеж за забрзана интеграција со новиот пристап за проширување на ЕУ?

admin

„Ужасот во Магдебург ќе ја промени изборната кампања“

admin

Руски дипломат осуден на 12 години затвор: Москва откри „шпионска мрежа“ поврзана со САД

admin