14.8 C
Скопје
24 мај, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Османи-Ескобар: Блокадата на уставните измени има голема цена

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан, пренесува Инбокс7.

Како што се информира официјално, во фокусот на средбата била потребата од продолжување на процесот на преговори со ЕУ преку спроведување на уставните измени.

Блокадата, се вели во соопштението, нѐ чини една милијарда евра годишно финансиска поддршка од ЕУ.

Сојузништвото во рамки на НАТО, поддршката за Украина, како и претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и А5 биле исто така теми на разговорот Османи-Ескобар.

“Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог продолжува да се развива, особено во делот на борбата со корупцијата и владеењето на правото”, се вели во соопштението.

 

 

 

Related posts

“Македонија” повторно ги разгоре страстите во Грција

admin

Засега, повеќе странски од домашни набљудувачи за изборите

admin

Проширувањето кон ЕУ таргет на кампањите со дезинформации

admin

Норвешкиот ер шатл воведе директен лет Скопје-Осло

admin

Трамп се „самопрогласи“ за Папа: Објава која предизвика бес кај католиците

admin

Кои се новите заменици на министрите?

admin