7.8 C
Скопје
11 декември, 2024
Inbox7.mk
СТАВ

Цццц… неверојатно, каков пристап од правничката на ”Јустинијан Први”!

Правничката од  “Jустинијан Први” и со “собраниско искуство”, Каролина Ристова-Аастеруд, не полемизира само со Зејди, него со сите нас – Албанците, држајќи нам при тоа и верско предавање за да се соочиме (гле чуда?) “со сопствените идентитетски карактеристики и проблеми во дворот кои во многу работи се ептен туѓи на Европа…”. A историјата ни е долга,  предолга, полна со про и контра – аргументи. Секако и видувања. Се ќе беше поинаку, ама чудо невиѓено и секако неверојатно е кога настапува една носителка на заеднички нам пасош. Со една единствена разлика: Мене не ми пречи, ама ич, ќирилчното писмо. Што не е исто и со правничката од “Јустинијан Први”, кога станува збор за употребата на албанскиот јазик и албанскoто писмо. Колку болно и тажно!

Пишува: Сељадин Џезаири

Освен какао имиња, не ги познавам, ни г. Скендер Реџепи-Зејди, ниту пак г-ѓа Каролина Ристова-Аастеруд. Секако темата не ми е толку далечна ниту пак страна. За волја на вистината, очекував од Аастерудка поинаков одговор, демек по „европски“. Уште од време на титовата Југославија, еден Словенец од Марибор ми остана ден-денес другар. Како во шега ме боцкаше дека Македонците и Албанците, заедно со Србите, не заборавајќи ги при тоа и Бугарите, сите ние топтан сме ти биле „турски копилиња“! Алудирајќи  при та на петвековното ропство под турската империја. Но, денес, кога ја прочитав „колумната“ на дотичната Аастеруд, и нејзините лабилни аргументи против мислењето на независниот пратеник Скендер Реџепи-Зејди дека “Албанците во Македонија не треба да бидат заложници на неколку лица на патот кон ЕУ”, сфатив дека правничката од “Јустинијан Први” само што не ја повторува расистичката теза на озогласениот (секако за Албанците, а бога ми и за дел од Македоницте) српски премиер Владан Ѓорѓевиќ (1897-1900) кои за Албанците зборуваше како за „луѓе со опашка“!

Цццц…енверојатно, пардон неверојатно!

Правничката од “Јустинијан Први” и со собраниско искуство, Каролина Ристова-Аастеруд, не полемизира само со Зејди, него со сите нас – Албанците, држајќи ни притоа и верско предавање за да се соочиме (гле чуда?) со „сопствените идентитетски карактеристики и проблеми во дворот кои во многу работи се ептен туѓи на Европа…”

Цццц… неверојатно, пардон енверојатно!

Како правничката од „Јустинијан Први“ и со собраниско искуство и дава себе си за право да зборува и пишува за „албанско-муслиманскиот вкус, особено ако не сакаат да се конвертираат или ја одбиваат обврската за идните деца да бидат само со таа и таква припадност…”, мешајќи при тоа „бабе и жабе”… Заборавајќи дека добро се познаваме денес, а бога ми и од вчера, а зошто да не, и од завчера… и од 2001, 1981, 1968, 1948, 1945, 1903, а и порано… историјата е долга, предолга, документите, мемоарите, белешките и заблешките (како овој пат!), за среќа, не недостасуваат!

Чудо невиѓено, правничката од  “Јустинијан Први” земајќи како инспирација  настапот на пратеникот Скендер Реџепи-Зејди, ни соли памет за „каурската Европа”, за „харам културата”, те би се кладела не знам за што и на што…

Морам да признам, за ваквото сфаќање на Каролина Ристова-Аастеруд и би имал разбирање да не ни доаѓа од некого од соседството, кој би имал резерви кон нашата си заедничка татковина, како од Србија, Грција или Бугарија. Се ќе беше поинаку, ама чудо невиѓено и секако неверојатно е кога настапува една носителка на заеднички нам пасош. Со една единствена разлика: Мене не ми пречи, ама ич, ќирилчното писмо. Што не е исто и со правничката од „Јустинијан Први”, кога станува збор за употребата на албанскиот јазик и албанското писмо. Колку болно и тажно од вас, г-ѓа Каролина Ристова-Аастеруд, а и од вашите поддржувачи!

 

 

Related posts

Историска заедничка одлука за платите во јавниот сектор: системско и одржливо решение

admin

СДСМ протуѓеризација

admin

Колку чини правдата за моите пари

admin

Па, оттука, што и да било, како и да било, зошто баш нему, на Mицкоски, и кој тоа, кога, каде, како и што тоа му нудел – приказна ќе има

admin

Време на големи предизвици и европска трансформација

admin

Крстопат

admin