11.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Индустриските производи поскапи за 4.2 проценти

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 4.2 % на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.

Во јуни 2023, во споредба со мај 2023, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енерегија за 1.0 % и Капитални производи за 0.1 %. Во јуни 2023, во споредба со јуни 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 10.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка 9.4 %.

Во трговијата на мало, во  јуни 2023 година, во споредба со јуни 2022 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот кај  номиналните и реалните стапки е забележано во следните групи: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11.5 %, а реално за 1.0 %), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 10.9 %, а реално за 1.8 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10.3 %, а реално за 2.8 %). Пад  е забележан само во номиналната стапка во групата Трговија на мало со автомобилски горива и тоа за 21.2%.

Related posts

Жените во Западен Балкан се дискриминирани: помалку вработени, пониска плата

admin

ДУИ: Охридскиот договор еродира, Власта врши притисоци врз нашите функционери

admin

,,Гласна тишина” (Loud Silence) на Мартина Спасовска

admin

Ахмети над законот- кажува што не може да прави Уставен суд

admin

Што значи за РСМ стратешкиот договор со САД?

admin

Филипче бара лидерска средба и натпартиски консензус за клучни државни прашања

admin