11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити со оштри критики кон ДУИ: Се откажаа и од Албанците

Изет Меџити од Демократското движење вели дека неговата претходна партија ДУИ се откажала од сите прашања од национален интерес, фокусирајќи се само на тесните интереси на некои поединци во оваа тема, пренесува Инбокс7.

Во интервју за весникот ЛАЈМ, Меџити вели дека условните оставки на министрите од ДУИ се измама и обиди да се сврти вниманието на граѓаните од многуте коруптивни афери на високите функционери на оваа партија.

„Ниту политичката теорија, ниту практиката не познаваат тактики со оставки или злоупотреба на оставки. Оставки во принцип, каде што има висока етика, висок морал, се депонираат во случаи кога главното ветување не се реализира, кога не се реализира програмата на платформата и имало многу причини за оставка. И поради коруптивни афери, и затоа што ја заборавија партиската програма и платформа, изборните ветувања. Многу е логично да се депонираат оставките како морален чин, а не како тактика за дефокусирање, за да се сврти вниманието на граѓаните од лошите политики, од секојдневните неуспеси, коруптивните афери, од ставањето на црни листи. Значи, „европскиот фронт“ потфрли во своето главно ветување. Обезбедување 80 пратеници, уставни измени, евроинтеграции. Покрај главното ветување, пропадна и во сите други ветувања. Веднаш да си поднесат оставки и да престанат да си играат со граѓаните со нивните квази оставки“, изјави Меџити за весникот ЛАЈМ.

Related posts

Незири: Колективната оставка е стратегија на ДУИ и храбар чекор на Ахмети

admin

Палевски барал државен референдум

admin

Ахмети за првпат јавно се обраќа на македонски

admin

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР АНГЕЛОВ СЕ ВРАЌА ВО СКОПЈЕ

ninja

Руските воздухопловни сили претрпуваат големи загуби северно од границата со Украина

admin

Греам вели дека Турција станува „одред“ на НАТО

admin