11.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Митревски: СДСМ е за ЕУ, членство до 2030 година

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, изјави дека секој пратенички состав носел тешки одлуки, но дека времето на крајот ја покажувал нивната исправност, повикувајќи ги сите пратеници да дадат поддршка на уставните измени, пренесува Инбокс7.

„Пред сите нас овде во оваа сала, пред секој пратеник во македонското собрание е уште една одлука од која директно зависи иднината на целиот наш народ, на сите наши граѓани. Секој пратенички состав од осамостојувањето до денес, буквално секој поминувал низ носење одлуки и буквално секој во својот мандат носел барем една тешка одлука или одлука која предизвикувала сериозни бранувања во јавноста.“, изјави Митревски во своето обраќање на денешната собраниска седница.

„Секако оние кои се одесувале на меѓуетнички прашања, на меѓусоседски прашања, прашања меѓу две соседни држави се тие кои, посебно овде на Балканот, задирааат во најдлабоките чувства на граѓаните без разлика на кој народ припаѓаат или каква етничка припадност имаат и тие се прашањата или темите кои за жал и во минатото, а и денес лесно можат да се искористат за добивање моментални лесни, ефтини, ситни, мали, бедни политички поени со меѓусебни обвинувања за наводни херојства и наводни предавства. Тие мали, ситни, бедни политички поени иако се значајни определен период, сепак знаат да направат штета во понатамошниот тек на функционирањето на државите.“

„Така е и кај нас. Впрочем тоа е така и кај нас зошто како земја ништо лесно не сме добиле, ништо лесно не поминало, сме се изнамачиле за секое прашање, ниедна лесна битка не сме имале во кој и период од минатото да погледнете.“

„Текстот на предлогот за уставни измени е пред нас. Јавно е достапен. Сега целата јавност може да се увери дека станува збор повеќе за технички измени, со кои што се унаппредува Уставот и не се загрозува ништо, ниту едно македонско идентитетско прашање, а истовремено овие измени го забрзуваат процесот за членство во ЕУ. Интервенциите се однесуваат на додавањето од народи во Преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот, при набројувањето на деловите од народи во нашата држава.“

„Јас сум за интеграција. Пратеничката група чиј координатор сум е за интеграција. СДСМ и сите политички партии застапени во пратеничката група се за интеграција. Имаме неповторлива шанса да го продолжиме европскиот пат и да оствариме уште една стратешка цел: членство во ЕУ до 2030 година. Да бидеме рамо до рамо на големата маса, рамо до рамо со државотворните европски народи. Тоа им го должиме на нашите предци, на нашите современици, но и на генерациите што доаѓаат по нас“, рече Митревски.

Related posts

Ковачевски – Осуда за одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“

ninja

ЗА НАС Е ПОРАЗИТЕЛНО ОТИ НЕ СМЕ СИ ГИ ЗАВРШИЛЕ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ, ВЕЛИ ​​​​​​​ДКСК ЗА ТИМОТ ЗА САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН

ninja

Законите за Коридорот 8 и 10д во Собрание, опозицијата вели дека се озаконува криминалот

admin

Границата меѓу државата и партијата „тенка“ во изборите

admin

Владата бара да се штеди дома, а се расфрла во странство

ninja

Зеленски предложи компромис: Украина е подготвена да прифати безбедносни гаранции, кои не вклучуваат членство во НАТО

ninja