16.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Почна трката по бројки: кога и како ќе заврши?

Опозицијата реагираше денеска кога претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седница без да го стави на гласање предлогот за пристап кон отворање на Уставот, пренесува Инбокс7.

Откако беше исцрпена листата на пријавени за дискусија, Џафери ја прекина седницата, нез да каже кога истата ќе продолжи. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата нема 80 пратеници, или две третини, потребни за отворање на Уставот.

„Ние сме сега во еден убав момент кога граѓаните, преку своите претставници, кажааа не на она што владата го турка како бугарски диктат. Следно што оваа оваа ненародна власт го направи е да го расушти Собранието и да одиме на предвремени избори“, вели Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата на Собранието почна со обраќање на премиерот Димитар Ковачевски кој пак се обиде да ја одоброволи и убеди опозицијата за потребата од измени со кои, меѓу другото, ќе се вметнаат и Бугарите во Уставот – чекор од кој зависи натамошната евроинтеграција на земјата.

„Предлогот за дополнување на Уставот има само една единствена релација и мотив. Тоа е влезот во Европската Унија. Тоа што го бара и го очекува огромното мнозинство граѓани во државата! Ништо повеќе, ништо помалку! Предлогот е наш македонски, предлогот е базиран на Европскиот Предлог и Договор од 2022-та година, со кој државата после долги години чекање конечно ги отвори преговорите за членство! Предлогот е напишан тука во Скопје! Предлогот се дебатира во македонското Собрание, во Скопје! И затоа, со цела одговорност ги отфрлам лажните и невистинити тези дека постои некаков Диктат, од било кого, за било што! Постои само нашата сегашна, а сепак историска можност, да направиме нешто добро за државата! Со усвојување на Предлогот, да донесеме одлука не да стоиме во место, не да каскаме, не да чекаме повторно, туку да чекориме во полноправно членство во Европската Унија и да ја оствариме поставената цел за полноправно членство во 2030-та година!“, рече Ковачевски, пренесува Гласот на Америка.

На овие пораки на премиерот опозицијата му ги спротивстави своите аргументи за тоа зошто не дава поддршка за уставните измени.

„Крајно време е да покажеме дека сме пристојна европска држава која сака да напредува и оди исто како и сите други земји членки на ЕУ. Не смее да има опасни преседани. Не смее да има посебни критериуми и преседани за нас. Затоа мислам дека овој предлог не треба да се поддржи, туку треба да се прашаат граѓаните на избори, бидејќи оваа власт е целосно делегитимирана“, вели Гордана Силјановска Давкова.

Предлогот за дополнување на Уставот има само еден мотив, тоа е влезот во ЕУ, рече Ковачевски

Предлогот за дополнување на Уставот има само еден мотив, тоа е влезот во ЕУ, рече Ковачевски

Пратениците од мнозинството пак, предупредија дека изборот е меѓу напредок и изолација и дека граѓаните, како што порачаа, се за ЕУ и САД, а не за Русија.

„Денешната слика е најдобар показател дека граѓаните не сакаат поделби, туку сплотување за ЕУ. Граѓаните не сакаат конфликти, туку мир. Граѓаните не сакаат со Русија, туку со Америка и Европа. Таа слика покажува дека граѓаните се за ЕУ, интеграција, а не за излоација“, рече Арбер Адеми од ДУИ.

Неизвесно е кога спикерот Џафери ќе свика продолжување на седницата зашто е јасно дека власта го нема потребното мнозинство од 80 пратеници неопходно за оваа прва етапа од отворањето на Уставот, процес кој има три фази.

По оваа, следи втората во која се утврдуваат нацрт-амандманите за што е доволно мнозинство од вкупниот број пратеници – 61 глас.

Потоа, нацрт-амандманите, низ јавна дискусија, се финализираат како предлог-амандмани и се враќаат во Собранието каде почнува третата фаза за што повторно е потребно двотретинско мнозинство.

Related posts

Скандалозен прекин на емисијата “Само вистина”, Мирчевски го избрка Рамадани од студиото

admin

Ромни ги користи зборовите на Бајден против него, го повикува претседателот да му се придружи во пензионирањето: „Време е за транзиција“

admin

Премиерот на Велика Британија за полот: „Мажот е маж, а жената е жена“

admin

Србија е Запад, Хил: Се согласувам

admin

Џо Бајден ќе го посети Израел

admin

Германски медиуми: За каква иднина се спрема Србија?

admin