2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Паѓа градежниот бизнис – за една година изградени 530 станови

Градежниот бизнис паѓа а општините издаваат се помалку градежни одобренија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2023 година се издадени 242 одобренија за градење, што е за 12.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 106 868 илјади денари, што е за 38.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (47.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 66 (27.3 %) за објекти од нискоградба и 61 (25.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 242 објекти, на 117 (48.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 (51.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во истиот период е предвидена изградба на 530 станови со вкупна корисна површина од 44 252 м2.
Од друга страна, во периодот јануари − јуни 2023 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 198 286 илјади денари, што е за 44.2 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 89 310 илјади денари, што е за 25.5 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Related posts

Тројца загинати во наводно убиство и самоубиство во Прилеп

admin

„За тебе ги гасам сите радари на државата“: Пораките што го тресат албанското разузнавање

admin

Од „коњопој“ до официјална средба: Софија го потврди состанокот Муцунски–Петрова

admin

ТАРАВАРИ: БИ ПОДДРЖАЛЕ И МАЛЦИНСКА ВЛАДА, НО ПОДГОТВЕНИ СМЕ И ДА РАКОВОДИМЕ СО ОДРЕДЕНИ ИНСТИТУЦИИ

ninja

Мицкоски со последен мандат – кој ќе биде негов наследник?

admin

ИНФОГРАФИК | Колку европејци живеат под кирија?

admin