29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Таравари: На ДУИ и треба ветинг, но треба да го спроведат меѓународни експерти

Арбен Таравари, лидер на Алијансата за Албанците и дел од опозициската коалиција ВЛЕН, реагираше на повикот на Али Ахмети за процес на ветинг. Во својата Фејсбук објава, Таравари со сарказам го поздравува овој потег, истакнувајќи дека ДУИ и нивните функционери ќе треба да поминат низ процес на прочистување, но нагласува дека ветингот не може да го спроведуваат самите тие, туку независни и доверливи институции.

„Ахмети, лидерот на проблематичниот ‘Фронтот’, кој се маскираше како ‘Европски’ и ‘проамерикански’, сега излегува со нов повик: бара ветинг! Ова е првото разумно однесување на ДУИ. По сè изгледа, сфатил дека неговите луѓе – некогаш рапери и фудбалери – денес се обвинети пред домашното и меѓународното правосудство, а некои од нив се дури и во бегство“, напиша Таравари на Фејсбук.

Таравари нагласи дека процесот на ветинг мора да биде транспарентен и независен, а не во рацете на оние кои треба да бидат проверувани. „Тоа е исто како некој обвинет за кражба да оди дома и сам да си бара украдениот имот – ќе ги скрие доказите“, наведе тој.

Таравари сугерираше дека ветингот треба да биде спроведен од меѓународни експерти, бидејќи домашниот правосуден систем, според него, има само „2% доверба во јавноста“.

ДУИ, која е на власт речиси две децении, често се соочува со обвинувања за корупција и злоупотреба на функциите. Ветингот – процес на проверка на интегритетот и потеклото на имотот на функционерите – се користи во некои земји како антикорупциска мерка.

 

 

 

Related posts

Првиот светски трилионер шокира: „Парите наскоро нема да бидат важни“

admin

Ифтарот на Курти без резултат: ВЛЕН ќе продолжи без Таравари?

admin

Судири на протестите во Нови Сад, германските медиуми алармираат за полициска бруталност

admin

Конкуренција и инклузивност: Што предвидува Кластер 3 од преговарачкиот процес?

admin

Која е тајната на францускиот економски раст?

admin

Од диплома до невработеност: Зошто образованието не го следи пазарот?

admin